26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСкептицизмот за вакцините постои исто колку и самата вакцинација

Скептицизмот за вакцините постои исто колку и самата вакцинација

Францускиот хемичар и биолог, Луј Пастер, своевремено го нарекуваа „научник-волшебник“, а скептицизмот за вакцините е стар колку и самата вакцинација, пишува францускиот историчар Лоран-Анри Вињо од Универзитетот во Бургундија во книга за антиваксерското движење.

„Такви движења отсекогаш постоеле“, рече Вињо во интервју за АФП.

Тој потсетува дека англискиот лекар Едвард Џенер, кој се смета за татко на имунизацијата, предизвика контроверзии во рурална Англија во 1796 година со своите постапки.

Тој открил дека имунитетот за големи сипаници се создава и со вакцинирање на лице со вирус на кравји сипаници од лезии. Во 1796 година, Џенер инјектирал инокулум со вирусот на кравји сипаници во телото на момчето Џејмс Фипс. Инокулираната течност ја нарекол вакцина, а постапката за вакцинација, од латинскиот збор „vacca“ што значи крава.

Вакцинацијата од овој тип наскоро беше спроведена низ целиот свет. Во 19 век, вирусот кравjи сипаници бил заменет со вакцинија против вирус(Virus vacciniae).

Вакцината е вирус од истото семејство како вирусот вариола и кравји сипаници, но сепак е генетски различен од нив.

Значи, вакцинацијата врз момчето беше успешна.

Дебатата за вакцините во тоа време била „исклучиво во медицинските кругови“, претходно во 1853 година, во согласност со тогашниот англиски закон, беше воведена задолжителна вакцинација против големи сипаници за деца од семејства кои примаа социјална помош. На родителите кои одбиле да ги вакцинираат своите деца им било ускратено правото на социјална помош.

Против „таквата уцена“ биле организирани протести, а најголемите се одржале во 1885 година во Лејкстер и се собрале дури 100.000 луѓе.

Овој, прв, протест „против вакцинација“ во историјата имал голем одек. Во 1906 година, бил воведен нов закон со кој се проширува обврската за вакцинација, но им се дозволува на сите оние кои потпишале клаузула за повикување на совеста да бидат изземени – и се уште е во сила денес во Обединетото Кралство.

После тоа, протести се одржале во неколку европски земји и во Америка, иако ретко во Франција, бидејќи законот воведен од 1902 година, кој се однесува на обврската за вакцинација ретко се применувал.

„Контролата им е доверена на градските управи, кои не биле склони кон идејата да се изречат казни за граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Но, колегите лекари на Пастер жестоко му се спротивставиле кога научникот развил вакцина против беснило во 1885 година.

„Неговото достигнување беше многу слабо прифатено. Го прогласија за волшебник “, вели Вињо.

Но, „Пастер бил упорен и истакна дека е можно да се развијат и други вакцини на сличен начин“, вклучително и онаа против тифус, која е предизвикана од нечистотија и нехигиенски услови на војна. Вакцината против тифус беше широко користена за време на Првата светска војна, и покрај „маргиналното противење“.

И тогаш во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, професијата ја препозна вакцината, особено кога научните истражувања ги покажаа придобивките од вакцините, на пример, против детска парализа.

Работата на Луис Пастер на микроорганизмите спаси животи на милиони луѓе ширум светот. Тој разви метод за намалување на ефектот на бактериите врз храната и пијалоците со загревање и ладење супстанции, сега познати како пастеризација, разви вакцини против болести како што се антракс, колера и беснило.

Француска специфичност

„Разликите во мислењата дојдоа до израз во 1960 година“, со зголемување на тужбите во Соединетите држави поради несаканите ефекти од вакцината.

Во 1986 година, беше составена листа на несакани ефекти за кои жртвите можеа да добијат надомест. За прв пат во историјата, јавно се признава дека вакцините можат да им наштетат на неколкумина, што „го прави сомнежот легитимен“, вели францускиот историчар.

Истиот сомнеж почна да се шири во Франција кон крајот на 1990 -тите години кога започна системската вакцинација на адолесцентите против хепатитис Б.

Скептицизмот дополнително се засилил кога научникот Ендрју Вејкфилд објави лажна студија во Обединетото Кралство во 1998 година, што подоцна беше негирано, поврзувајќи ја вакцината против сипаници со развојот на аутизам. Вињо потсетува дека „за само неколку месеци, бројот на вакцинирани деца се намали на нула“.

Затоа, вели францускиот историчар, дури и ако не се зголеми бројот на вистински антиваксери, во општеството има се повеќе скептици кога станува збор за вакцинациите.

„Тие мислат: ха, вакцината, не знам дали делува или дали навистина ми треба“, вели Вињо.

„Се повеќе вакцини против болести често се сметаат за бенигни, така што неупатените всушност се штитат од оваа„ ескалација “на вакцините.

Во Франција, „лажната пандемија“ на грип А (Х1Н1) во 2009 година додаде и политичка димензија.

По предупредувањето на СЗО за претстојниот опасен бран на грип, кој на крајот ќе се покаже прекумерен, владата нарачува големи количини вакцини. Но, епидемијата изостана

Соочени со „мерка на претпазливост објавена залудно“, многу Французи веруваат дека ова е „договор помеѓу владата и фармацевтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП