23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХраната која ја јадете пред спиење одредува дали ќе имате добар сон

Храната која ја јадете пред спиење одредува дали ќе имате добар сон

Решението за добар сон, исто така, може да се крие во храната која ја јадете пред спиење.

Околу една третина од луѓето имаат проблеми со несоница, а овие неколку намирници можат да ви помогнат да спиете мирно:

Банани

Иако се смета за храна која служи за зголемување на енергијата, бананите се богати со магнезиум кој ги релаксира мускулите. Истражувањата покажаа дека магнезиумот може да помогне во лекувањето на несоница и други проблеми поврзани со спиењето. Тие исто така содржат серотонин и мелатонин кои го стимулираат сонот.

Бадеми

Познати се како извор на здрави маснотии, а исто така се полни со триптофан и магнезиум, кои помагаат да се релаксираат мускулите и нервниот систем. Во исто време, тие го изедначуваат вашиот пулс. Ниацинот игра клучна улога во регулирањето на стресот, помага во ублажување на депресијата, што доведува до подобар сон.

Мед

Само една лажица суров мед е доволна за да го стимулира ослободувањето на мелатонин во мозокот. Го намалува лачењето на невропептид орексин, кој не одржува будни. Медот ги надополнува резервите на гликоза во телото, што го прави совршена храна за спиење во текот на ноќта.

Овесна каша

Покрај тоа што се уште една во серијата на храна богата со витамини, минерали и амино киселини кои го стимулираат мелатонинот кој предизвикува спиење, тие исто така го стимулираат производството на инсулин. Јадете мала чинија пред спиење, а колачињата од овесна каша исто така имаат позитивни ефекти.

Мисиркино месо

Еден од најпознатите извори на триптофан и одличен извор на протеини. Поради тоа, ќе бидете сити цела ноќ и нема да се разбудите за да јадете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП