20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата заживува, извозот расте, бизнисот најавува инвестиции!

Индустријата заживува, извозот расте, бизнисот најавува инвестиции!

Подобрување на трговската соработка со странство освен последните податоци на Државниот завод за статистика, денеска потврда дадоа и информациите за деловната активност на компаниите сместени во индустриските зони. За една година странските инвеститори ја зголемија вредноста на извозот. Транспортерите пак велат дека трговијата бележи подобрување, а бизнисмените најавуваат нови инвестиции.

Податоците на Технолошко индустриските развојни зони, покажуваат дека вкупната вредност на извозот на компаниите сместени во зоните за периодот од јануари до август годинава изнесува нешто над две милијарди евра. Тоа според податоците претставува зголемување за над 50 отсто во однос на истиот период ланската година, кога во 2020-та била извезена стока од зоните во вредност од 1,3 милијарди евра. Податоците доколку ги споредиме со пред кризниот период односно со првите осум месеци од 2019 година ќе се забележи дека растот годинава изнесува 11 отсто. Во 2019 во анализираниот период извозот од зоните изнесувал 1,8 милијарди евра. Дополнителна потврда дека фабриките работат во полна пареа покажува и податокот кој вели дека бројот на вработени бележи зголемување на годишно ниво од над 7 отсто. Ако лани во август во зоните работеле 13.153 лица, годинава во истиот периот во редовен работен однос во истите производствени капацитети биле 14.120 лица.

Растот на извозот на стока  во оваа година  споредено со минатат година јасно укажува на заживување на стопанството во државата и пошироко во Европа, велат од здружението на транспортери Макам-транс. Според транспортерите заживувањето и нормализацијата во превозот на стока е дирекно поврзано со извозот и увозот на стока, односно со зголемување на производство на разни видови на производи, особено што согласно статистичките податоци 96% од стоките се превезуваат по сувоземен пат.

„За жал во овој период иако имаме пораст на бројот на превози на стока кои се извршуваат надвор од нашата држава се уште превозниците не можат да ги вратат цените на превозот кои важеа пред пандемијата поради огромната конкуренција на слободни возила и од другите држави. Сепак со најновите податоци на порастот на извозот на стока, превозниците имаат огромна надеж дека ситуацијата на транспортниот пазар ќе се нормализира и ќе се започне со целосно користење на капацитетите на возила со кои располагаат, особено што и во овие тешки услови на стопанисување ризикуваат и го обновуваат возниот парк, а поединци дури и го зголемуваат . Возилата нивните еколошки стандарди и годините на старост се основ за целосна достапност до европскиот транспортен пазар , особено во земјите членки на ЕУ“, велат за Денар од Макам-транс

Од Стопанската комора пак, најавија инвестициски период на околу 500 компании. Нивните планирани инвестиции се проценуваат на околу 160 милиони евра. Инвестициите ги планираат во следните 12 месеци, но како важен услув велат дека е оваа здравственса криза, како ќе се одвива состојбата со новозаболени. Информациите велат дека  најголем интерес за инвестиции пројавиле од ИТ секторот, градешништвото и земјоделството.  Според нивните најави овие дејности ќе инвестираат во нови машини и опрема, технологија и нови објекти.

Пред само неколку дена и Државниот завод за статистика објави дека во периодот од јануари до јуни годинава вкупната вредност на трговската размена со странство изнесува без малку 9,5 милијарди евра. Вредноста на извозот достигнува и близу 4 милијарди евра и во однос на истиот период лани бележи зголемување од цели 35 отсто. Што се однесува до увозот тој е на ниво од речиси 5,5 милијарди евра, а во истиот анализиран период е забележан раст од 34 отсто. Податоците покажуваат дека во периодот јануари-јули годинава, трговскиот дефицит изнесува скоро 1, 5 милијарди евра. И податоците на статистика потврдуваат дека индустриските зони, имаат најголемо влијание во зголемувањето на извозната стока од почетокот на годинава. Поточно најголемо учеството во извозот имаат катализаторите, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта, и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали. Што се однесува до бизнис партнерите, Македонија во првите седум месеци од 2021 година најмногу тргувала со Германија, потоа со Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП