19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПучот во Гвинеја донесе ново поскапување на алуминиумот

Пучот во Гвинеја донесе ново поскапување на алуминиумот

Алуминиумот се искачи на највисоката цена во повеќе од една деценија по пучот во Гвинеја, што предизвика загриженост за понудата на суровината во време кога светското производство веќе е ограничено, а побарувачката расте.

Цените на алуминиумот пораснаа во Лондон и Шангај, а акциите на производителите пораснаа. Хартиите од вредност на индустрискиот лидер „Aluminium Corp.“ од Кина или „Chalco“ пораснаа за околу 10% во текот на денот, додека „United Co. Rusal“ додаде 15%.

Гвинеја е главен снабдувач на боксит, суровина потребна за производство на алуминиум, и учествува со повеќе од половина од увозот на Кина.

Воена единица ја презеде власта во земјата во неделата и го суспендираше Уставот, а началникот на специјалните сили полковник Мамади Думбуја ја повика армијата да го поддржи. Иако немирите го зголемуваат ризикот од одложувања, засега нема знаци дека се засегнати резервите или рудниците. „Chalco“, која има проект за експлоатација на боксит во Гвинеја, рече дека сите нејзини операции течат нормално и дека има доволно резерви на боксит во нејзините погони во Кина.

Алуминиумот се користи во сѐ, од делови за автомобили до лименки за пијалоци и апарати за домаќинство, порасна за 38% од почетокот на годината на Лондонската берза. Во исто време, топилниците во Кина се борат да го одржат производството за време на сезонски недостаток на електрична енергија, а Пекинг се обидува да ги ограничи емисиите на јаглерод диоксид во земјата.

Основачот на „Rusal“, Олег Дерипаска предупреди дека пазарот може да биде „сериозно разнишан“ од ситуацијата, додека трговците сѐ уште чекаат дополнителни упатства за намалување на залихите.

Според Мајкл Видмер, раководител за истражување на метали во „Bank of America Merrill Lynch“, пазарот на боксит има вишок веќе една година и секој прекин мора сериозно да се сфати за да се промени таа динамика.

„Јас сум позитивен, но од други причини“, рече Видмер. „Сепак, ако навистина имате проблеми во земја која снабдува 20% боксит на светскиот пазар, тогаш очигледно тоа ќе биде проблем“, рече тој.

Цените на лондонската берза на метали се зголемија за 1,8% до 2.775,50 долари за тон, што е највисоко од мај 2011-та година. Во Кина, фјучерсите пораснаа за 3,4% на највисоко ниво од 2006-та година, пред да го забават растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП