29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо „растури“ на социјалните мрежи, акциите на Јунајтед скокнаа за 7.37 отсто!

Роналдо „растури“ на социјалните мрежи, акциите на Јунајтед скокнаа за 7.37 отсто!

Поранешите фудбалери на Манчестер јунајтед, сегашните фудбалери, навивачите, направија вистинска „бура“ на Твитер со 2.5 милиони твитови по неговото враќање на „Олд Трафорд“.

Едвин ван дер Сар, иако е директор на Ајакс, ги поздрави навивачите со порака „секогаш сонував дека ова ќе се случи“, Патрис Евра откри дека самиот Португалец му кажал дека повторно ќе игра во „нашиот клуб“, Маркус Рашфорд прати порака со многу „вау“, додека и Гери Линекер се согласи дека ова е „враќање дома од соништата“. Бруно Фернадеш, кој прво се пофали дека бил „агент“ во зделката, потоа објави интересен цртеж во кој тој го гледа Роналдо како игра за Јунајтед!

Во исто време, акциите на Манчестер јунајтед на берзите скокнаа за 7.37 отсто во само еден час тргување по враќањето на Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП