20 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМед од тиква: Домашен мелем за црниот дроб, лек за холестеролот и...

Мед од тиква: Домашен мелем за црниот дроб, лек за холестеролот и чудо за имунитетот

Можеби никогаш не сте слушнале за мед од тиква, но оваа вкусна намирница толку е здрава за организмот па откако ќе го прочитате ова најверојатно ќе ја јадете секој ден.

Поради големата содржина на витамини и каротен, овој мед го засилува имунитетот, а благодарение на благото лаксативно и диуретско делување, тој е одличен избор при проблеми со хроничен запек и различни оболувања на дебелото црево.

Особено е делотворен при лачењето на жолчката и проблеми со црниот дроб и бубрезите, а добар избор е и за лицата со зголемен холестерол. Се смета за природен лек за мочните патишта.

Како да направите мед од тиква сами?

Исечете го врвот на зрела тиква и отстранете ги семките и влакната. Во дупката кога сте ја издлабиле ставете мед, па поклопете со отсечениот врв од тиквата. Оставете ја да отстои десет дена на ладно место. По овој период само извадете го медот и тој е подготвен за употреба.

Најдобро е медот да го чувате во фрижидер во чиста стаклена тегла со капак најдолго еден месец.

Овој мед можете да го јадете како посластица, две до три лажички дневно, секој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП