25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМожно е откажување на Олимписките игри во последен момент

Можно е откажување на Олимписките игри во последен момент

Шефот на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, изјави дека не ја исклучува можноста за откажување на игрите во последен момент бидејќи неколку спортисти имале позитивен тест на Ковид-19, а главните спонзори се повлекле од планот да присуствуваат на церемонијата на отворањето во петок.

Муто на прес-конференцијата рече дека ќе ги следи бројките и ќе има консултации со колегите доколку е потребно.

„Не можеме да предвидиме што ќе се случи со бројот на случаи со коронавирус. Значи, ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата дали ќе има скок на бројот на заразени. Во овој момент, случаите на коронавирус можат да растат или да паѓаат, па затоа ќе разгледаме што треба да направиме во зависност од ситуацијата“, рече тој.

Церемонијата на отворање на Олимписките игри е закажана за во петок, но натпреварите во софтбол и фудбал веќе се закажани за во среда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП