петок, јануари 21, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАMicrosoft и Apple вредат колку италијанскиот БДП

Microsoft и Apple вредат колку италијанскиот БДП

Очекувањата за инфлацијата и одговорите на централната банка за податоците за инфлациските притисоци оваа година добиваат големо внимание.

Во текот на изминатата недела, добрите економски податоци ја надминаа загриженоста за зголемувањето на цените. Често забележаниот производствен PMI во САД достигна нов рекорд 62,6. Од друга страна, PMI за услужни дејности благо опадна. Релативно големиот број на нови невработени (411.000) донекаде го ублажи стравот од прегревање на американската економија.

Тековните податоци за инфлацијата се доста високи. Најновите податоци покажуваат основна инфлација од 3,4% во мај, што не го зема предвид зголемувањето на цените на храната и енергијата во споредба со претходната година.

Пазарот донекаде беше смирен од гувернерот на ФЕД, Џером Пауел, кој тврди дека веројатноста за инфлација во стилот на 70-тите години е многу мала. Берзата беше стимулирана и од веста од четвртокот дека Џо Бајден успешно презеде нови чекори кон усвојување на инфраструктурниот стимул. САД планираат да инвестираат околу 1,2 трилиони долари во инфраструктурни проекти во следните пет години.

Два од трите главни американски индекси (S&P 500 и Nasdaq) достигнаа рекорди. Благодарение на зголемувањето на цените на акциите, „Microsoft“ се приклучи на „Aple“ во клубот на компании со пазарна вредност поголема од 2 трилиони долари. Во превод, нивната пазарна вредност е еднаква на бруто домашниот производ на цела Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП