29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува за остварувањето на сонот во неговата кариера и за генерацијата која ја обедини нацијата.

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство. Денот кој го сонував долго низ мојата кариера. Македонија да игра на едно големо натпреварување, можеби ова се моите последни натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација. Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија. Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, да одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за МАКЕДОНИЈА“, пишува капитенот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП