26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнформацијата од Базел го катапултираше биткоинот

Информацијата од Базел го катапултираше биткоинот

Биткоинот скокна за над 13% во четвртокот, над 38.000 долари, откако предлогот на Базелскиот комитет им даде зелено светло на банките да ја држат водечката криптовалута во други дигитални средства.

Најпопуларната криптовалута достигна највисоки 38.461 американски долари во раните попладневни часови, зголемувајќи го растот што започна вчера.

Базелскиот одбор за банкарска супервизија, кој ги поставува меѓународните банкарски стандарди, препорача построги капитални барања за чување биткоини отколку за акциите и обврзниците.

Одборот предложи тежина на ризик од 1.250% за биткоин, етер и сите останати криптовалути, исклучувајки ги стабилните кованици кои имаат целосни резерви. Ова значи дека банката треба да поседува капитал еквивалентен на номиналната вредност на изложеноста на биткоини.

„Изложеност од 100 УСД би резултирала во пондерирана актива од 1250 УСД, што ако се помножи со минималното капитално барање од 8% резултира со минимално барање за капитал од 100 УСД (т.е. истата вредност на првичната изложеност бидејќи 12,5 е реципрочна 0,08 )„ стои во предлогот.

Иако Базел го категоризираше биткоинот како високо ризично средство, реакцијата на биткоинот сугерира дека инвеститорите веројатно очекувале уште полошо.

Пред информациите од Базел, биткоинот веќе беше во солиден плус благодарение на одлуката на Ел Салвадор да стане првата земја во светот што го воведе биткоинот како законско средство за плаќање, откако Конгресот во средата го усвои предлогот на претседателот Наиб Букеле за прифаќање на криптовалутата. Со 62 од 84 можни гласови, пратениците гласаа за усвојување на закон за прифаќање на биткоинот, и покрај стравувањата од можен лош ефект врз програмата на Ел Салвадор од 1 милијарда долари со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Претседателот Букеле се залага за употреба на биткоинот бидејќи, според него, тоа може да ги заштити девизни дознаки на иселениците од екстремно високите провизии во доларските трансфери. Според законот, компаниите ќе мора да прифаќаат биткоин како средство за плаќање на стоки и услуги. Ќе биде можно да се плаќаат даноци во таа крипто валута.

Употребата на биткоинот како законско средство за плаќање ќе започне за 90 дена, а курсот на биткоин во однос на доларот ќе го одреди пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП