20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИсхрана за подобра меморија: 7 начини да го поттикнете мозокот

Исхрана за подобра меморија: 7 начини да го поттикнете мозокот

Правилната исхрана е од витално значење за квалитетот на нашиот живот. Откријте што треба да јадете за да ја поттикнете работата на клетките во мозокот и вашето помнење да биде подобро.

Боровница

Подобрете го помнењето со помош на боровницата. Таа го забавува процесот на губење на помнењето.

Кафе

Кафето го подобрува помнењето, расудувањето и ги забрзува реакциите кај старите луѓе.

Риба

Дури и една козерва туна може да влијае на капацитетот на меморијата. Омега 3 масните киселини со кои е богата туната се клучни за одржување на клетките во мозокот.

Појадок

Појадокот многу позитивно делува врз целиот организам, па така и врз мозокот. Децата кои појадувале имаат подобра концентрација за дневните активности, а возрасните подобро ги служи меморијата.

Црвено вино

Црвеното вино, па дури и пивото, можат да ја подобрат вашата меморија. Ако пиете меѓу една и шест чашки вино неделно ќе имате 54 проценти помалку шанси да заболите од деманција.

Чај од жалфија

Овој чај го зголемува нивото на ацетилхолин во мозокот, ја подобрува функцијата за помнење и го потпомага варењето.

Кари

Научниците откриле дека карито влијае на подобрувањето на меморијата и позитивно влијае при Алцхајмеровата болест. Овој зачин поттикнува ензими кои го штитат мозокот од оксидативно оштетување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП