Илон Маск планира да направи град на Марс до 2050 година, но тоа, сепак, лесно е да се каже, а далеку потешко да се направи.
Со цел луѓето да преживеат на друга планета, особено на планета чие опкружување е непријатно како она на Марс, треба да се најде решение за четири клучни функции: инфраструктура, одржливост, простор за живеење и систем за одржување на живот.
“Постојат неколку проблеми со кои треба да се соочиме на Марс, од зрачење до снабдување со храна и вода потребни за сите луѓе кои ќе живеат таму. Исто така, треба да видиме како да ги искористиме ресурсите на Марс, почнувајќи од тоа каде треба да се наоѓа нашиот град или кои други локации може да ги имаат, објаснува Жизела Детрел, аеронаутичка инженерка од Универзитетот во Штутгарт, Германија.
Детрел е дел од меѓународната заедница на научници и академици, во која тие веруваат дека успеале да го решат проблемот со животот на Марс. Тие, на Mars Society им ги предадоа плановите за изградба на првиот град на Марс, Нува.
Mars Society е американска непрофитна вселенска организација предводена од волонтерство, која се занимава со промовирање на човечки истражувања и населување на планетата Марс.
Градот Нува го доби името по една кинеска митолошка божица која топела обоени камења за да го закрпи небескиот свод. Тој град треба да се наоѓа во внатрешноста на карпата кај Темпе Менси на Марс и треба да има дури милион жители, каде треба да го заштити животот во самата карпа од штетното космичко и сончево зрачење.
Идејното решение за овој град можете да го најдете ОВДЕ.
Детрел работи во областа на системите за поддршка на животот, осигурувајќи дека астронаутите ја имаат целата потребна храна, вода и кислород што им е потребна за да преживеат во вселената во идните мисии. Она што не е можно, посочува Детрел, е патниците на Марс со себе да носат свои ресурси од Земјата.
Како што градот расте, тој мора да може да зависи од ресурсите пронајдени директно на Марс и да рециклира што е можно повеќе. Ние треба да можеме да произведеме доволно кислород, вода и храна за човечки опстанок и да го затвориме циклусот скоро целосно, вели Детрел.
Детрел е толку убедена во успехот на милионскиот градски проект на Марс што без двоумење вели дека би оставила сè што има на Земјата и дека ќе живее на Марс. „Апсолутно“, вели таа.
“Затоа што тоа е авантура. Тоа е нешто што му овозможува на човештвото да оди напред, не само поради фактот дека една личност е на друга планета, туку и целиот технолошки развој што е потребен за тоа. Сакам да бидам дел од тоа”, објаснува Детрел.