24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот глад е на највисоко ниво во последните пет години

Глобалниот глад е на највисоко ниво во последните пет години

Во 2020-та година, светот се соочи со најлошиот проблем со глад во последните најмалку пет години поради кризата со коронавирусот, а перспективата останува мрачна и за оваа година, пренесува „Bloomberg“.

Околу 155 милиони луѓе во 55 земји, повеќе од населението во Русија, страдаа од проблеми од криза со глад, се вели во извештајот на десетина агенции. Ова е зголемување за 20 милиони луѓе во споредба со 2019-та година, со економски шокови пред екстремните временски прилики како втора водечка причина за глад.

Влошената состојба покажува како пандемијата ги влошува нееднаквостите со храната во светот, заедно со екстремните временски прилики и политичките конфликти што го гушат пристапот до клучните добра. Потрошувачите сега треба да се соочат со зголемувањето на трошоците за храна бидејќи големата побарувачка од Кина го ограничува глобалното снабдување со храна.

„Ковид-19 ја продлабочува нестабилноста. Неговите ограничувања, на пример, за движење на луѓе и стоки, доведуваат до раширена загуба на приходот, особено за луѓето кои се потпираат на работа во сивиот сектор во градовите“, вели Доминик Буржон, директор на Одделот за храна и одржливост при ФАО.

Конфликтот и несигурноста остануваат најголемите причини за глад, што претставува скоро две третини од луѓето кои се соочуваат со криза со храна, се вели во извештајот создаден со помош на Европската комисија и Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP).

Демократска Република Конго, Јемен и Авганистан се едни од најпогодените земји.

„Бројот на луѓе кои се соочуваат со глад, главно поради економските шокови, вклучително и пандемијата, намалувањето на работните места и приходите, скокна скоро 70% во минатата година на 40,5 милиони лица. Ова го покажува влијанието на Ковид-19 врз несигурноста на храната. Нови економски проблеми се очекуваат во 2021-ва година, вели Дејвид Бисли, извршен директор на „WFP“.

Нарушувањето на синџирите за снабдување доведе и до пораст на цените на храната, а зголемената инфлација или ослабувањето на валутите на земјите зависни од увоз ја направија храната понедостапна, се вели во извештајот. Жените претрпеа особено силен удар бидејќи се поранливи при губење на работата.

Глобалниот глад се очекува да остане на нивоа пред пандемијата во текот на оваа година, а погодени ќе бидат повеќе од 142 милиони луѓе во 40 земји, се вели во извештајот. Конфликтите остануваат проблем, а економските потешкотии можат да се влошат поради кризата со коронавирусот, забележуваат агенциите.

Минатата година околу 28 милиони луѓе беа во „вонредна“ состојба поради несигурност во храната или уште полошо.

„Ние сме крајно загрижени. Кога ќе ги погледнеме првичните податоци од 2021-ва година, ќе видиме дека овој број е веќе зголемен“, рече Буржон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП