3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвгуст е месец на лоши економски вести

Август е месец на лоши економски вести

avgust1

Иако август потсетува на одмор, слободни денови и разонода, овој месец е период во кој во Европа, а и пошироко, во текот на изминатите две децении се случија различни финансиски кризи, предупредува лондонскиот бизнис магазин „The Economist“.

Овој магазин оценува дека овие кризи и „несреќи“ на пазарот се случувале и биле предизвикани од „слободното“ однесување на главните менаџери и другите лица од лидерските позиции, бидејќи тие во летните месеци одмарале и работата најчесто ја оставале на нивните неискусни соработници.

„The Economist“ наведува дека, на пример, во август 1993 година дошло до колапс на Европскиот механизам за девизен курс, а Русија истиот месец во 1998 објави драстична девалвација на сојата валута и призна дека не може редовно да ги сервисира своите долгови.

Во јавноста, потсетува „The Economist“, за прв пат за глобалната кредитна криза започнало да се зборува во август 2007 година, а акциите на пазарите во август 2010 година доживеаа „сериозен земјотрес“, откако САД го загуби кредитниот рејтинг, а некои земји од еврозоната западнаа во тешка должничка криза.

Сите тие стресни случувања не беа случајни, а логичкото објаснување на „The Economist“ за таквите кризни ситуации се наоѓа во неодговорното однесување на многу врвни менаџери кои својата работа во летниот период често ја препуштаат на недоволно искусните млади соработници.

Оваа пракса не постои само во Европа. Многу американски претприемачи и менаџери, кои важат за „големи работници кои не можат да живеат без својата канцеларија“ во текот на летните денови, сепак земаат неколку денови одмор, и исто така своите обврски им ги префрлаат на помалку компетентните експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП