КОМПАНИИ

Витаминка АД Прилеп за првиот квартал прокнижи за 54 отсто повисока добивка

Остварените единечни вкупни приходи во првото тромесечје од 2021 година изнесуваат 714,270 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период  во 2020 година бележат пораст од 11%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2020  година се повисоки за 13%.

Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2021 година изнесуваат 709.344 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат раст од 20%. Висината на  вкупните расходи е во корелација со работењето во  првото тромесечје од  2021 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 12,453 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена  за 54 %.

Во првото тромесечие од 2021 година се преземени соодветни активности во поглед почитување на мерките за работа  во услови на пандемија. Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност. Препораките од монетаристите – НБРМ или Централната Европска банка, банките  да се воздржуваат од исплата на дивиденди и зачувување на ликвидноста е јасен сигнал дека е потребна  посебна грижа за готовинскиот тек на друштвото.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.