20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

news1

Подгорица – Електростопанство на Црна Гора ЕПЦГ, вториот квартал оваа година го заврши со профит од околу 32,2 милиони евра за разлика од истиот период лани, кога оствари загуба од 4,4, милиони евра. Според извештајот кој е објавен на сајтот на Комисијата за хартии од вредност, КХОВ, деловниот приход на ЕПЦГ на крајот на јуни изнесувал 149,3 милиони евра, што е 16,3 отсто повеќе од ланскиот период. Вкупната актива на компанијата на крај на второто тромесечје изнесувала 1,1 милијарда евра и била 4 отсто поголема од ланскиот период.

Загреб – Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе се обиде уште еднаш за да ја поттикне хрватската страна на соработка околу хрватската нафтена компанија ИНА; а ако не успее, МОЛ сака да го продаде својот дел во ИНА. – Ако и потоа ги спречуваат одлуките, на пример за големите инвестиции, МОЛ има намера да го продаде својот удел од 49 отсто во ИНА – рече еден функционер. Меѓутоа, ни преземањето на мнозинскиот удел во ИНА не е исклучено, рече тој. Хрватска моментално има 44 отсто удел во ИНА.

Сеул – Јужнокорејската Хјундаи Хеви Индастрис соопшти дека добила договор вреден 3,3 милијарди долари за изградба на електрани на брегот на Црвеното море на Саудиска Арабија. Според договорот кој е потпишан со саудиската електродистрибуција, термоелектраната на нафта со производен капацитет од 2,640 мегавати ќе биде завршена до 2017 година. Централата ќе се наоѓа на околу 135 километри северно од југозападниот град Јазан. Термоелектраната ќе може да произведе доволно струја за околу 2 милиона луѓе.

Загреб – Бројот на вработените во хрватската индустрија оваа година е поголем во однос на мај за 0,3 отсто, додека на годишно ниво во однос на ланскиот јуни, е понизок за 4,5 отсто. Истовремено, производниот раст во индустријата во првите шест месеци оваа година во однос на истиот лански период, е зголемен за 5,3 отсто. На годишно ниво во преработувачката индустрија, која има удел од 90 отсто во вкупниот број на вработените во индустријата, биле 4 отсто помалку вработени во однос на јуни 2012 година.

Лондон – Надежите дека економијата на еврозоната зајакнува се зголемија, благодарение на зголемениот раст од очекуваниот, на клучниот показател на стопанскиот развој. Композитниот индекс ПМИ, кој го пресметува истражувачката агенција Маркит, во јуни изнесувал 50,5 поени, прв пат во последните 18 месеци. Надминувајќи ја границата од 50 поени која го дели растот од падот на секторската активност. Анкетата во која учествуваа илјадници менаџери за набавка, кои се одговорни за купување на материјали и производи потребни за работа, се смета за водечки индикатор на економската активност.

Берлин – Додека во денови на криза повеќе светски економии се борат да го зајакнат производството Германците можат да се пофалат дека кај нив услужниот сектор бележи раст. Германскиот услужен сектор веќе трет месец по ред бележи раст, благодарение на новите порачки, иако вредноста на индексот е сепак под очекуваниот.

Љубљана – До 2050 година Словенија во развојот и градењето на железничката инфраструктура ќе инвестира 7,6 милијарди евра и сака да ги исполни целите од белата книга за еколошки одржлив развој на прометот во ЕУ, се вели во стручна студија која ја објави дневникот Дело. Со инвестирањето на таа сума Словенија би ја спречила стагнацијата на својот товарен промет по 2020 година, сметајќи дека нејзиниот сегашен капацитет е лимитиран на 22 милиони тони, оценуваат експертите од Економскиот факултет во Љубљана, Словенечки Железници, Лука Копар и агенцијата за автопатишта ДАРС. Во просек до 2050 година, за инвестиции во железницата без трошоците за одржување, требаат 283 милиони евра годишно. Една четвртина од таа сума може да се добие од бесповратни средства од ЕУ, се тврди во таа стручна резолуција за развојот на логистиката и транспортната инфраструктура. Авторите на студијата наведоа дека Словенија до сега во железницата насочила најмногу 5 отсто средства аза развој на сообраќајната инфраструктура, а останатото во сообраќајот и тоа во време кога во ЕУ за железниците издвојувале 35 отсто средства насочени во логистички проекти.

Вашингтон – Американскиот ИТЦ (U.S. International Trade Commission) одлучи на тлото на САД Епл повеќе да не смее да продава АјФон, верзии пред моделот 4 С, т.е. 3Г верзија на АЈПад, а кои сеуште можат да се купат во САД. Администрацијата на Обама го спречи извршувањето на судската пресуда, што се случи за прв пат по 1987 година. Во образложението администрацијата наведе дека извршувањето на судската одлука значително би влијаело на конкурентноста на американската економија, па со тоа и на жителите на САД. Секако, Самсунг изрази големо незадоволство поради оваа постапка.

Токио – Азиските централни банки во последните две децении финансиски се осигурувале во странски валути, најмногу со доларот. Се проценува дека девизните резерви на Азија денес изнесуваат околу 7 билиони долари, но им се заканува голема опасност ако САД се одлучат да ја зголемат границата на сопствениот државен долг. Во најголем ризик се Јапонија и Кина, кои имаат најголеми резерви на долари. Според Блумберг, Кина веќе се наоѓа во процес на ребаланс на националната економија и прекин на потпирање на прекумерниот извоз, туку на домашната потрошувачка. Меѓутоа, ако доларот ослабе и јуанот зајакне преку мерка, може да се повтори јапонското сценарио од пред една година, само многу пати поголемо.

Белград – Од американската компанија Секрум активити партнерс, која требаше да инвестира во изградба на најголемиот светски соларен парк на југот на Србија, се жалат дека од државата добиле несоодветно земјиште за изградба и најавуваат дека, ако Србија не покаже подготвеност да го испочитува својот дел од договорот до 23 август, ќе покренат против неа тужба и во земјата, но и пред Меѓународниот арбитражен суд во Лондон. Од изградбата на соларниот парк на југот на Србија вреден милијарда и 750 милиони евра, кој своевремено помпезно беше најавуван како најголем на светот, најверојатно нема да биде ништо. Изградбата на паркот требаше да трае од три до пет години и да ангажира околу 3.000 работници, а кога паркот ќе почне со работа се смета дека ќе вработи околу 600 луѓе кои би произведувале струја за пазарот на ЕУ. Според планот, Србија покрај соларниот парк требаше да добие и три нови фабрики за производство на соларни панели. Било предвидено државата бесплатно да отстапи земјиште за парк на 25 години, а годишно само од данок би приходувала 28 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП