Велосипедскиот клуб Аксиос Про Скопје оствари забележителен успех на меѓународната трка Gran Fondo Novi Sad 2025, која се одржа на 8 јуни под покровителство на UCI (Меѓународната велосипедска унија).
На трката, на која учествуваа повеќе од 500 велосипедисти од 40 земји, натпреварувачите на Аксиос Про Скопје покажаа врвна форма, спортски дух и борбеност. Особено внимание привлече победата во женска конкуренција на 100 км каде што натпреварувачка од Аксиос Про Скопје го освои првото место во генерален пласман, што претставува огромен успех за македонскиот велосипедизам.










