27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија го губи уделот на пазарот во САД, Германија и Кина

Велика Британија го губи уделот на пазарот во САД, Германија и Кина

Велика Британија го загуби уделот на пазарот во Соединетите Држави, Германија и Кина за време на новата пандемија на коронавирусoт, поради глобалниот трговски хаос, „Брегзит“ и слабата продуктивност, се наведува во новата студија објавена денеска, пренесува „Reuters“.

Обединетото Кралство се чувствува особено лошо поради долгорочната стагнација во растот на продуктивноста, се вели во извештајот на Центарот за деловен просперитет на „Lloyd’s Banking Group“ и „Aston University“.

Велика Британија го губи уделот на пазарот на своите најголеми извозни пазари – САД и Германија, покажува студијата.

„Во некои клучни извозни дестинации, Обединетото Кралство се чини дека падна нагло, го забави закрепнувањето и забележа пад на неговата глобална конкурентност“, се вели во извештајот.

Падот на британскиот извоз во САД се чини дека е најостар во апсолутна и релативна смисла и најдолг меѓу најголемите европски земји (со исклучок на Франција), се вели во документот.

„Меѓу 2017-та и 2019-та година, Велика Британија го зголеми вкупниот извоз во Германија за 8,5% помалку од растот на извозот постигнат од Италија (12%), Холандија (14%), Шпанија (20%) и САД (24%)“, се наведува во извештајот.

„Ова дава слика на забавување на извозот на Велика Британија во Германија по референдумот за „Брегзит“ во 2016-та година, што може да значи неединство меѓу двете економии“, велат економистите Џун Ду и Александар Шепотило, кои се коавтори на извештајот.

Студијата, заснована на статистичките податоци за трговија на ООН, исто така покажува дека Велика Британија го изгуби уделот на пазарот во Кина. „Комбинацијата на Ковид-19, „Брегзит“ и долгорочните предизвици за продуктивноста на Велика Британија ќе го доведе британскиот бизнис во неповолна положба во догледна иднина“, се вели во документот.

Релативно слабите перформанси на Велика Британија се повторуваат со години. Објаснувањата се движат од слаби вештини на вработените и ниски инвестиции во истражување до фактори од страната на побарувачката, како што е финансиската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП