26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку сол дневено е препорачливо да консумираме?

Колку сол дневено е препорачливо да консумираме?

Во последниве неколку децении, во светот забележано е значително зголемување на потрошувачката на готварска сол. Научниците сметаат дека 6 до 8 гр. сол дневно, е нормална количина која би била од корист за нашиот организам. За разлика од ова, во светот е забележан внес на сол до 20 гр. дневно по лице, што е загрижувачко.

Внесувањето на голема количина на сол во организамот допринесува за зголемување на крвниот притисок, а со тоа и останатите болести кои крвниот притисок ги сноси со себе, како што е срцев удар и мозочен удар, чиј ризик се золемува неколкукратно. Пред да земете било каков производ за консумација, секогаш погледнете ја етикетата и информирајте се колку сол содржи.

Внесувањето на преголема количина сол е многу голем проблем во светот исто како што е проблем и внесувањето на голема количина шеќер, па дури и поголем. Внесувањето на голема количина на сол во организамот, освен што лошо влијае на крвниот притисок исто така влијае и на видот.

Намалувањето на внесот на сол во организамот не е едноставна задача, баш поради фактот што во скоро секој продукт, солта се наведува како нормална состојка. Сепак вредно е да се напомене дека, доколку се потрудиме да го намалиме количеството на внес на сол во организамот барем до 10 гр. дневно би имале многу поздрав организам, би ги намалиле шансите за срцев и мозочен удар, а со тоа и шансите за предвремена смрт.

Секако, штетно е и доколку воопшто не внесуваме сол, бидејќи предизвикува пореметувања на многу метаболички процеси во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП