2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто бара средната класа во брзорастечките економии?

Што бара средната класа во брзорастечките економии?

news-2012-October-IMF_building_507054646

Средната класа во брзо растечките економии сега сака да добие од општеството статус кој припадниците на истиот слој на луѓе го имале на крајот од шеесетите години во најразвиените западни земји, каде никнуваа држави на социјална правда и благосостојба, се наведува во истражувањето кое го спореведе ММФ.

Експертот на ММФ, Карло Катарели заклучи дека поголемите права на средната класа во брзо растечките економии ќе доведе до израмнување на заработката, поголеми социјални и економски права на работниците, но и брз раст на државните долгови и дека за тоа треба навреме да се води сметка за да не се повтори лошата пракса која претходно скапо ги чинеше некои од најразвиените земји.

Катарели нагласува дека во текот на изминатите неколку години во скоро сите држави со брз економски раст се забележани социјални потреси предизвикани од големата разлика во заработката и другите видови економски и политички нееднаквости.

„Сега нивото на бруто домашниот производ по глава на жител во некои од експанзивните економии се на приближно ниво кое го имаа САД и земјите од Западна Европа во шеесетите години на минатиот век, што значи дека во тие држави се појави средна класа со поголеми економски и политички права“, објаснува експертот на ММФ.

Тој потсетува на сличното болно искуство во Германија, Велика Британија, Франција, па дури и САД, каде под притисок на средната класа почна длабока социјална и економска трансформација на тие држави.

Тој голем квалитативен скок во животот на голем број луѓе, припадници на таканаречената средна класа, видлив и низ големиот раст на расходите за пензиските системи и здраственото осигурување, доведе до појава на друштва со социјална благосостојба.

Државните расходи во некои европски земји кои со причина се наречени друштва со социјална благосостојба, доведе до голем раст на државните расходи во однос на остварениот БДП. Тој показател е од раните шеесети години до почетокот на деведесетите години на минатиот век и е зголемен за околу 20 проценти, но оттогаш до сега се стабилизираше.

Како што покажува анализата на ММФ растот на државните расходи оттогаш е овозможен со зголемување на буџетските приходи и бурниот економски развој, но повеќето држави во кои се применуваше тој модел веќе во седмата деценија на минатиот век се соочи со буџетски дефицит и лоша финансиска ситуација.

Како прв одговор на таа криза, владите започнуваа да емитуваат пари без покритие, а таквата политика децении подоцна е платена со раст на даноците или економски шок терапија која ја спроведуваа поранешниот американски претседател Роналд Реган и британската премиерка Маргарет Тачер.

Големите државни долгови беа една од причините поради кои владите на развиените земји беа оневозможени да ја поддржат економската активност по глобалната финансиска криза која се појави во 2008-та година.

Многу земји беа принудени да ги укинат стимулативните мерки за постигнување на економски раст, токму поради критичното ниво на државен долг и покрај тоа и по пет години од кризата нивните економии се уште не се опоравени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП