понеделник, јануари 18, 2021
-2 °c
Skopje
-4 ° пон
-3 ° вто
-1 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ADIN 690.00 1.62%    ALK 13,875.89 0.03%    FERS 61,000.00 0%    GRNT 1,151.52 1.82%    KMB 7,800.00 -0.22%    MTUR 4,551.00 9.22%    REPL 110,000.00 4.76%    STB 1,148.35 -0.06%    TEL 317.56 0.18%    TKVS 4,900.00 0%    TNB 18,800.13 0.35%    ZPKO 2,911.00 0%    


Почетна ЕКОНОМИЈА СВЕТ

Дали Ангела Меркел е одговорна за бавната вакцинација против коронавирусот?

јануари 5, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, КОРОНА, СВЕТ, ТОП ВЕСТИ
A A
Дали Ангела Меркел е одговорна за бавната вакцинација против коронавирусот?
491
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Дали германската канцеларка Ангела Меркел е одговорна за одложувањето на започнувањето на вакцинацијата против коронавирусот? За ова жестоко се дебатираше. Другите земји вакцинираат побрзо. Надлежниот министер Шпан сака да ја забрза целата работа.

Најголемиот германски булеварски весник „Билд“ во понеделникот (4 јануари) имаше наслов: „Вака Меркел го кочеше купувањето на вакцината“. Во текстот во суштина се тврди дека министерот за здравство Јенс Шпан сакал да склучи сојуз со колегите од Франција, Италија и Холандија во јуни за да нарача 400 милиони дози вакцини против коронавирусот од производителот на вакцини „АстраЗенека“, но Ангела Меркел го запрела, пишува Дојче Веле.

Германската канцеларка наводно не сакала да биде критикувана за набавката на вакцината без договор со другите членки на Европската унија. Таа се залагала за решение од Европската комисија, во кое биле вклучени сите 27 земји на ЕУ.

Портпаролот на германската влада Стивен Зајберт начелно го потврдил ова во понеделникот: „Ние свесно баравме заеднички европски пристап со партнерите“. Тој рече дека владата стои зад ваквиот пристап. Зајберт, сепак, не гледа никаква инхибиција на надлежниот министер во тоа. Сепак, тој рече дека нетрпеливоста и многу прашања кои се појавија се оправдани.

Само 1,3 милиони дози во Германија

„Билд“ наведува дека Германија нарачала 300 милиони дози од францускиот концерн „Санофи“ во септември, но се чини дека концернот може да ја испорача вакцината дури на крајот на 2021. Дали Германија стави сè на погрешна карта? Дали е тоа причината за првичната бавност на вакцинацијата во Германија?

Факт е дека провинциите добиле 1,3 милиони дози и било најавено дека тие ќе добијат уште 600 000 дози во средината на јануари. Прво, ќе се вакцинираат луѓето во домовите за стари лица и сите постари од 80 години, но и негувателките и загрозениот болнички персонал.

Факт е дека вакцинацијата се одвива многу побрзо во земји како Велика Британија, Израел или САД. Сега и таканаречената „Оксфордска вакцина“ се користи во Велика Британија од понеделникот.

ЕУ не работела ефикасно

Наводно, Европската унија склучила договор со водечкиот производител Бајонтек од Мајнц дури во средината на ноември, додека Американците нарачале 600 милиони дози во јули. Угур Шахин, шеф на компанијата Бајонтек, за неделникот „Шпигел“ изјави дека е изненаден од двоумењето на Брисел при нарачката на вакцината.

Според извештаите на медиумите, источноевропските земји и Франција се воздржале од вакцината на германскиот производител, меѓу другото и поради високата цена. Социјалдемократите (СПД), како коалициски партнер на демохристијаните (ЦДУ) во германската влада, веќе ја критикувале бавноста на процесот.

Генералниот секретар на СПД, Ларс Клингбејл, за Првата програма на германската телевизија АРД изјави дека е правилно да се најде „европско решение“, но тој исто така рече дека „Европа не мора да значи бавност“. Тој додаде: „Тоа не може така, земјата во која преку истражување дојде до вакцината, да остане без доволно дози“.

Тагови: вакцинигерманијамеркел
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

Сончево со мала до умерена облачност

Следна Објава

Клоп разочаран од перформансите на Ливерпул против Саутемптон




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Приходите на „Газпром“ од извоз на гас се намалија за 42% до ноември 2020-та
КОМПАНИИ

Приходите на „Газпром“ од извоз на гас се намалија за 42% до ноември 2020-та

јануари 18, 2021
13
Резултатите на „JP Morgan“ подобри од очекувањата
КОМПАНИИ

Резултатите на „JP Morgan“ подобри од очекувањата

јануари 18, 2021
15
Кинескиот БДП во последниот квартал порасна за 6,5 проценти
ЕКОНОМИЈА

Кинескиот БДП во последниот квартал порасна за 6,5 проценти

јануари 18, 2021
7
Со овие гуми може да поминете 130.000 километри (ВИДЕО)
АВТОБИЗ

Со овие гуми може да поминете 130.000 километри (ВИДЕО)

јануари 18, 2021
187
ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот
ЕКОНОМИЈА

ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот

јануари 18, 2021
15
Македонските ракометари се пласираа во главната фаза на СП
АВТОБИЗ

Македонските ракометари се пласираа во главната фаза на СП

јануари 18, 2021
24

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приходите на „Газпром“ од извоз на гас се намалија за 42% до ноември 2020-та

Приходите на „Газпром“ од извоз на гас се намалија за 42% до ноември 2020-та

јануари 18, 2021
Резултатите на „JP Morgan“ подобри од очекувањата

Резултатите на „JP Morgan“ подобри од очекувањата

јануари 18, 2021
Кинескиот БДП во последниот квартал порасна за 6,5 проценти

Кинескиот БДП во последниот квартал порасна за 6,5 проценти

јануари 18, 2021
Со овие гуми може да поминете 130.000 километри (ВИДЕО)

Со овие гуми може да поминете 130.000 километри (ВИДЕО)

јануари 18, 2021
ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот

ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот

јануари 18, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Снег во Сахара (ВИДЕО)

    Снег во Сахара (ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Изненадна смрт на првиот човек на банкарската компанија Ротшилд

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Билка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 18.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 18.01.2021

јануари 18, 2021
895
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
663





Следна Објава
Клоп разочаран од перформансите на Ливерпул против Саутемптон

Клоп разочаран од перформансите на Ливерпул против Саутемптон

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани