9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во мај 21.288 денари

Просечната плата во мај 21.288 денари

pari

Просечната месечна исплатена нето плата по работник во мај годинава изнесува 21.288 и бележи зголемување од 2 отсто во однос на мај лани.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, зголемувањето е резултат на порастот на исплатените нето плати во Рударство и вадење камен за 8,1 отсто, Транспорт и складирање за 6,9 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со за 6,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за 7,4 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација сп 7,1 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е 31.247 денари.

Во мај 2013 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП