Здравата исхрана не мора да биде комплицирана.
Не постои долга листа на правила кои треба да се следат, ниту мора да се придржувате до комплексен план за исхрана. Само прашајте еден од многуте стогодишници која е неговата тајна, и многу од нив ќе ви кажат дека е важно да уживате во здрава, претежно растителна исхрана.
Во секој случај, вашиот фрижидер е добро место да започнете да чувате храна, што ќе ги зголеми вашите шанси за долг живот.
Преку своето истражување, Дан Батнер, експерт за долговечност и автор на „The Blue Zones Kitchen“ откри дека станува збор најмногу за донесување здрави одлуки на дневна основа, кои заедно прават прилично неверојатен живот.
„Ниту еден стогодишник од сините зони (места во светот каде луѓето имаат најдолг животен век) кој некогаш сум го сретнал, не се обидел да живее 100 години. Никој во 50-ти години не рекол: „Знаете што, јас одам на таа исхрана за долговечност и ќе живеам уште 50 години!“ Тие не се трудат да бројат калории, да пијат витамини, да ги мерат протеините, па дури и да читаат декларации. Тие не го ограничуваат внесувањето на храна “, вели Бетнер.
Според него, ако сакате да доживеете 100 години, вашиот фрижидер и оставата би требало да се наоѓаат овие намирници:
Ореви
Според Бетнер, луѓето кои редовно јадат ореви имаат големи шанси да ги надживеат оние кои не ја јадат оваа намирница. Затоа тој е голем поддржувач на јадење неколку мешани јаткасти плодови на ден, пренесува „Well and Good“.
„Оревите имаат различни форми и вкусови и се полни со хранливи материи и здрави масти кои го заситуваат вашиот апетит“, вели Бетнер, додавајќи: „Малите количини се најдобри бидејќи маслата во оревите се распаѓаат (оксидираат). Поголеми количини може да се чуваат во фрижидер или замрзнувач неколку месеци “.
Зеленчук
Батнер вели дека 95 проценти од храната која ја јадете треба да биде од растително потекло. Како што истакнува тој, луѓето во сините зони јадат големи количини на сезонско овошје и зеленчук, а вишокот се скиселува или суши за да уживаат дури и вон сезоната. Според него, во вашето мени треба да има спанаќ, кељ, цвекло, блитва, брокула, карфиол и пиперки.
Овошје
Бетнер препорачува да чувате овошје (како и зеленчук) на горната полица на ладилникот бидејќи на тој начин ќе го ставите на ниво на очите и ќе се охрабрувате да јадете повеќе.
Тофу
„Одберете два дена во неделата кога јадете месо или друга храна од животинско потекло – и уживајте само во тие денови“, вели Бетнер. Во другите денови, наместо тоа, изберете растителни протеини, како што се гравот и тофу.
Риба
Иако советува да ја ограничите конзумацијата на месо, Бетнер вели дека можете да уживате во риба затоа што се покажало дека најдолго живееле оние кои јаделе растителна храна во која имало мали порции риба.
„Јадете риба како пастрмка, сардини и сардела“, вели тој, советувајќи „да бидете подалеку од одгледувана риба“.
Растително млеко
Ако сакате да обезбедите долговечност, намалете ја потрошувачката на млечни производи. Наместо да пиете класично млеко, одберете растителни, вклучувајќи незасладено соино, кокос или бадемово млеко.
„Повеќето имаат протеини како редовното млеко и често имаат уште подобар вкус“, вели Бетнер.