19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзраелски научници открија технологија која е евтина, широко достапна и се чини...

Израелски научници открија технологија која е евтина, широко достапна и се чини дека го убива коронавирусот

Нивното истражување би можело да биде пресвртна точка во борбата против новиот коронавирус, за кој е откриено дека преживува на некои површини и до три дена.

Уште од моментот кога новата пандемија на коронавирусите го погоди светот, истражувачите се обидуваа да најдат некои средства за спречување или целосно запирање на пандемијата. Досега, ниту едно решение не се покажа како сто-процентно ефикасно, но истражувањето објавено од научници од универзитетот во Тел Авив влева голема надеж.

Имено, тие го проучувале влијанието на УВ-ЛЕД технологијата врз вирусите, а со тоа и врз новиот коронавирус. УВ-ЛЕД технологијата се заснова на диоди кои емитуваат ултравиолетова светлина.

Ултравиолетовото зрачење е вообичаен метод за деактивирање на патогени микроорганизми, вклучително и вируси, бидејќи оваа светлина ја оштетува нуклеинската киселина, протеините или внатрешното производство на радикали. Но, за УВ-светлината да биде ефективна, таа мора да се емитува на одредена бранова должина.

За разлика од класичните УВ-светла, кои можат да бидат доста скапи, УВ-ЛЕД диодите се мали диоди кои можат брзо да се прилагодат, едноставни се за работа и бараат низок напон, што исто така значи дека можат да се напојуваат од батерија или соларен панел. Како резултат, тие се покажаа како исклучително прифатливи за научниците.

Како што напишаа во нивната статија во Журнал за фотохемија и фотобиологија, тие тестираа УВ-ЛЕД диоди за да пронајдат бранова должина што ќе биде ефикасна во оневозможувањето на новиот коронавирус. По серија тестови, тие открија дека бранова должина од 285nm убива вируси со иста ефикасност како бранова должина од 265nm. И во двата случаи, коронавирусот беше деактивиран во рок од половина минута во 99,9 проценти од случаите. Ова е важно затоа што УВ-ЛЕД емитува со бранова должина од 285nm, а класичните УВ ламби со 265nm. Во превод, УВ-ЛЕД е подеднакво ефикасен, но многу поевтин и подостапен.

Иако не користеле примероци од вирусот Sars-CоV-2 (предизвикувачки агенс на Covid-19), туку неговиот сурогат човечки коронавирус HCoV-OC43, што е многу сличен на него, научниците се убедени дека УВ-ЛЕД светлината би била ефективна во уништување на новиот коронавирус.

Во моментов, целиот свет бара ефикасно решение за дезинфекција и заштита од коронавирус. Проблемот е во тоа што за да дезинфицирате автобус, воз, теретана или авион користејќи хемикалии, потребни ви се луѓе. А за овие хемикалии да бидат ефикасни, потребно е и малку време за да си ја завршат својата работа, рече водачот на тимот, професорот Хадас Мамане.

Сепак, може да се инсталира систем за дезинфекција врз основа на ЛЕД-сијалички во систем за вентилација или клима и да се стерилизира воздухот што влегува во уредот и потоа да се исчисти и испушти во просторијата, објасни професорот Мамане.

Нивното истражување би можело да биде пресвртна точка во борбата против новиот коронавирус, за кој е откриено дека преживува и до три дена на одредени површини. Инсталирањето на такви ефтини УВ-ЛЕД светилки на јавни простори во голема мера ќе помогне во борбата против вирусот и ќе ја олесни дезинфекцијата на просторот и луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП