Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјите што ќе се приклучат на „антиамериканската политика“ на БРИКС ќе бидат наплатени со дополнителни 10 проценти царини.
„Секоја земја што ќе се придружи на антиамериканската политика на БРИКС ќе биде наплатена со дополнителна царина од 10 проценти. Нема да има исклучоци од оваа политика. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање“, рече Трамп на мрежата Truth Social, но не разјасни што се подразбира под „антиамериканска политика“, пренесува Ројтерс.

