26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛенено семе - мелем за здравјето

Ленено семе – мелем за здравјето

Лененото семе е составен дел од многу програми за здрава исхрана, и тоа со право. Погледнете како човековото тело реагира еден месец по консумирањето на ова семе.

Лененото семе е дел од исхраната на многу народи веќе многугодини. Оваа намирница со полно право се наоѓа на листата со супернамирници. Можете да го додадете во многу јадења така што ќе ги збогатите, а со тоа во организмот ќе внесете и вистинско богатство од лековити состојки.

Еве на кој начин ова лековито семе влијае на вашиот организам…

1. Богато е со омега 3 масни киселини кои имаат неверојатно влијание на вашето општо здравје.

2. Лененото семе може да го намали нивото на лош холестерол во крвта и до 50 проценти.

3. Лененото семе исто така може да го намали и нивото на триглицериди за 25-60 проценти.

4. Не само што го намалува нивото на холестерол и триглицериди, лененото семе исто така превентивно делува и на појавата на дијабетес и го регулира нивото на шеќер во крвта.

5. Само три лажици ленено семе содржат исто толку омега 6 и омега 9 масни киселини колку што се наоѓаат и во половина килограм риба.

6. Лененото семе е многу богато со влакна, па така влијае и на правилното варење и спречува запек.

7. Лигнаните кои се наоѓаат во лененото семе делуваат превентивно на појавата на рак, срцевите болести и остеопорозата. Исто така, лигнаните ги намалуваат воспаленијата и ефикасно ги ублажуваат проблемите при артритис и лупус.

8. Лененото семе може да ви помогне и да ослабите бидејќи значително го продолжува чувството на ситост.

Ова сепак не е конечниот список со сите позитивни нешта од консумацијата на лененото семе, па затоа вметнете го во вашата секојдневна исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП