4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Компанијата „Нестле“ го пресели своето производство на мајонез од Полска во фабрика во белградското предградие Сурчин. Вредноста на инвестицијата е 1,3 милиони евра, сооопшти регионалниот директор на компанија Ансгар Борнеман. Тој очекува во фабриката во Сурчин, која порано беше сопственост на „Центропроизвод“, годишно да се произведуваат на над 2.000 тони мајонез „Томи“. – По 14 месеци напорна работа и инвестиции од 1,3 милиони евра, почнувавме со производство во Сурчин. Производството на мајонез во нашите погони позитивно ќе се одрази на нашата работа во поглед на цените, но и од аспект на квалитетот и дистрибуцијата. Производството ќе биде ориентирано на регионот, но исто така ќе ни се пружат и нови можности за извоз, изјави Борнеман.

Загреб – Српскиот „крал на месото“ и еден од најбогатите бизнисмени  во Србија, Петар Матијевиќ има намера да купи две земјоделски задруги во Хрватска, во чија сопственост се 1.500 хектари земја. Тој не очекува никакви правни и бирократски проблеми при купување на задругите, бидејќи е хрватски граѓанин, пишива „Деловни дневник“. – Се уште работиме на длабинско снимање за да немаме изненадувања, вели Матијевиќ за весникот. Со тоа ќе се реализира првото купување на земјоделско земјиште во Хрватска од страна на српски инвеститор, додека во Србија земја веќе на големо купуваат „Агрокор“ и фирмата „Жито груп“ од Осијек.

Подгорица – Црногорската економија во првиот квартал од оваа година оствари раст од 4,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Владата на Црна Гора. Како што се наведува, растот на индустриското производство во наведениот период пред се е резултат на зголеменото производство на електрична енергија, а за вкупниот раст придонела и подобрата наплата на приходите.

Сараево – Според податоците на босанската Управа за индиректно оданочување (УИО), во текот на минатата година  од БиХ било извезено злато вредно 7,3 милиони конвертибилни марки (околу 3,65 милиони евра), додека само во првите шест месеци од оваа година, таа сума била поголема од 18 милиони марки (9 милион евра). За само две години извозот на злато од БиХ е зголемен за дури 24 пати, што според експертите, укажува дека граѓаните масовно ги распродаваат своите вредни предмети поради кризата.

Виена – Помошта за домашните банки досега ја чинеше австриската држава 6,4 милијарди евра, тврди виенскиот весник „Стандард“. Од кризата која ја предизвика финансиската криза кон крајот на 2008 година, државата стана голем сопственик на банки, иако тоа не беше поради нејзина желба, туку затоа што сакаше да ги спречи негативните последици од светската економска криза и катастрофалните грешки на менаџерите во банкарскиот сектор во земјата.

Цирих – Гувернерот на Швајцарска централна банка СНБ, Томас Џордан изјави дека банката нема намера да го менува ниту да го укине минималниот валутен курс на ниво од 1,2 франци за евро. – Ќе ја задржиме постоечката политика колкк што ќе биде потребно, рече Џордан. СНБ го фиксираше курсот на франкот кон еврото во септември 2011 година. На месечнот заседание на директорите на СНБ, Џордан истакна дека промена на утврденото ниво на курсот не се планира во блиска иднина, наведувајќи дека дополнителна причина е и присутниот ризик од дефлација. Банката оваа година очекува пад на потрошувачките цени во Швајцарија за 0,3 отсто.

Пекинг – САД и натаму се водечка економска сила, но само прашање на време е кога ќе ги надмине Кина, сметаат анкетираните во истражувањето на американскиот центар „Пју Рисрч“. Најголемото глобално истражување на овој центар во последните шест години покажа дека иако општиот имиџ на САД и натаму е подобар од кинескиот и на земјата и се дава предност како на партнер, во некои делови од светот Пекинг е вреднуваат повеќе од Вашингтон.

Монтреал – Нето пензиите во канадската провинција Квебек пораснале за 43 отсто во периодот од 1981 до 2010 година, со што е зголемена и куповната моќ на пензионерите. Просечните годишни пензии во тој период биле зголемени од 18.100 канадски долари на 25.000 долари.

Лондон – Околу 5.000 компании ширум светот се постари од 200 години и целиот тој период работат без прекин. Најмногу фирми кои се постари од 200 години има во Германија и Јапонија. Најстара фирма е јапонскиот хотел „Нисијама Онсен Келункан“, основана во 1705-та година. До пред седум години работела и уште една уште постара јапонска компанија, „Конго Гуми“, градежна фирма која била основана во 1578 година, но банкротирала во 2006 година.

Лондон – Ерата на евтина храна се ближи кон крајот, предупреди директорот на најголемиот британски трговски ланец „Теско“, Филип Кларк. Како главна причина за очекуваното поскапување на прехранбените продукти, Кларк го истакна глобалниот раст на побарувачката и зголемените трошоци за производство поради заострените стандарди за квалитет. Кларк изјави дека растот на глобалната побарувачка за храна ќе значи дека ниските цени на прехранбените произвиди во продавниците повеќе нема да можат да се одржат. Притоа, тој се повика на најновиот извештај на ОН кој предвидува дека светските цени на храната може да пораснат за дури 40 отсто во идните десет години под влијание на растечката средна класа во Кина и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП