25 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(15.07 – 19.07.2013)

 

 

Полека навлеговме и во втората половина од месец јули и „летната сиеста“ започна да се чувствува на Македонската берза. Тргувањето се повеќе го намалува својот интензитет, што секако се одразува и врз цените на акциите. Прометот во редовното тргување достигна 27,5 милиони денари од кои 10 милиони денари или 36,4% отпадна на тргување со обврзниците од денационализација, а останатите 63,6% на промет со акции. Покрај ова, регистирираме и една блок трансакција со акциите на Европа АД Скопје во вредност од 11,2 милиони денари.

Намалениот промет и намалениот интерес кај инвеститорите за тргување со акции придонесоа двата индекси на акции да забележат намалување. Индексот МБИ10 забележа неделен пад од -1,14% и падна под границата од 1.700 индексни поени (на затворање во петокот неговата вредност беше 1.698,88 поени), додека индексот МБИД забележа пад од -1,65%. Од акциите кои според остварениот промет беа меѓу најликвидните на берзата, повторно се издвоија акциите на Комерцијална банка Скопје со промет од 5,8 милиони денари и Алкалоид Скопје со 5,3 милиони денари. Сите останати имаа промет под еден милион денари.

Од ценовно чувствителните информации кои ја обележаа минатата недела за издвојување е информацијата од Топлификација Скопје од четвртокот за потпишан договор со Министерството за Транспорт и врски за изработка на идејни проекти и физибилити студии за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Република Македонија во вредност од  66.900.100 денари со вклучен ДДВ. По оваа информација цената на акцијата забележа неделен раст од +8,7%. ЕМО Охрид објави ценовно чувствителна информација во понеделникот за бројот на друштвата – ќерки за кои е отоворена и се води стечајна постапка, како и за единиците во состав на друштвото кои сеуште функционираат. И на крај, во петокот преку одредени медиуми се објави веста дека Основниот суд Скопје 2 на барање на група акционери, донесе Решение за привремена мерка со која се налага времено да се запре од извршување Одлуката за одобрување зделка со заинтересирана страна (Оилко АД Скопје) донесена на Собранието на акционери на МАКПЕТРОЛ АД Скопје, одржано на 01.06.2013 година. Влијанието на оваа информација врз цената на акцијата на Макпетрол Скопје на берзата ќе се одрази во неделата што е пред нас.

Движењата на регионалните и на светксите индекси во изминатата недела е даден во следната табела:

Индекс Земја Неделна промена
SBI10 Словенија

+3,02%

Crobex Хрватска

+1,38%

Belex Србија

+1,97%

Sofix Бугарија

+0,90%

DOW JONES САД

+0,38%

NASDAQ САД

-0,55%

S&P 500 САД

+0,57%

DAX Германија

+1,18%

FTSE 100 Велика Британија

+0,68%

CAC 40 Франицја

+1,21%

NIKKEI 225 Јапонија

+0,58%

HANG-SENG Кина

+0,28%

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП