27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток од три состојки кој топи килограми

Напиток од три состојки кој топи килограми

Состојките на овој неверојатен напиток можеби нема да ви се допаднат многу, но тој се покажа како делотворен пијалок кој го тестирале многумина и линијата ја довеле до посакуваното ниво.

За напитокот ви се потребни:

– 1 лажица јаболков оцет

– прстофат лута, мелена пиперка

– сок и кора од еден лимон

Изрендајте ја лимоновата кора и прелијте ја со 240 мл врела вода. По десет минути додадете го и сокот од лимон, јаболковиот оцет и мелената пиперка. Промешајте пред секоја голтка и пијте го овој напиток пред секој оброк.

Зошто овој напиток е така добар?

Мелената пиперка помага при варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти. Имено, нејзината состојќа капсаицин, го стимулира нервниот систем да произведува топлина во организмот која поттикнува забрзана потрошувачка на калории.

Лимонот содржи соединенија кои го забавуваат таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое потпомага при согорувањето на наталожените масти.

Јаболковиот оцет, односно неговото редовно консумирање во умерени количини помага при растопувањето на мастите во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП