18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои не штитат од рак

Намирници кои не штитат од рак

Во борбата против ракот следат осум типови на храна кои можат да ни помогнат да го минимизираме ризикот од појава на канцер и да ни помогнат во превенирање и на другите болести.

Домат

Во свежиот домат има состојка ликопен која за изненадување се наоѓа во поголеми концентрации кај обработениот домат (сок, кечап). Ликопенот има способност да го штити човекот од рак на простата, но и да го намали растењето кај други типови на рак вклучувајќи ги и тие на матката, ракот на дојка и на белите дробови.

Лук

Лукот се бори против бактериите вклучуваќи ја и H.pylori која предизвикува улкус (чир) на желудникот, го намалува ризикот од појава на карцином на дебелото црево и помага во пoдобрувањето на крвта.

Брокола

Броколата со џвакање испушта фитохемикалии наречени глукосинолати кои продуцираат протективни ензими. Овие можат да детоксифицираат токсични супстанци и се добри во борба против типовите на рак во устата, хранопроводот и желудникот.

Јагоди

Јагодите се богати со антиоксиданси кои се добро оружје против болести на срцето и ракот. Особено имаат корисно дејство против ракот на дебелото црево.

Моркови

Морковите содржат бета-каротен кој ја штитат клеточната мембрана од токсини и од размножување на клетките на ракот. Исто така содржат и фитохемикалии кои ја штитат устата, хранопроводот, желудникот и цервиксот на матката уништувајќи го HPV. Готвените моркови имаат повисоко ниво на антиоксиданси за разлика од свежите.

Спанаќ

Спанаќот содржи лутеин кој е добар за видот. Не обезбедува и со фолати и целулозни влакна кои се антиканцер агенси. Го редуцира ризикот од појава на канцер во устата, хранопроводот, желудникот, јајниците, белите дробови и дебелото црево.

Мешункасти овошја

Покрај тоа што не снабдуваат со целулозни влакна, богати се и со антиканцер супстанци како што се лигнините (антиоксиданси) и сапонините кои превенираат клетките на ракот да не се множат. Исто така помагаат и во намалување на ризикот од појава на тип 2 дијабетес.

Темно чоколадо

Темното чоколадо стана многу популарно поради содржината на полифеноли кои го намалуваат крвниот притисок и се сметаат за кардиопротективни. Темното чоколадо содржи и флаваноиди кои имаат антиканцерогено влијание.

Природата е богата со прекрасна храна која ни помага да се справиме со болестите, проблемот е што многу од нас ги земаат овие продукти во мали количини. Се што ни треба е да научиме да ја сакаме храната и да уживаме во јадењето на овој тип на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП