25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМедитеранската исхрана ќе ви го продолжи животот

Медитеранската исхрана ќе ви го продолжи животот

Животниот век може да се продолжи со здрава исхрана, а меѓу најкорисните намирници се овошјето и зеленчукот, мали количини на месо како и една чаша вино дневно.

Иако медитеранскиот начин на исхрана долго се поврзуваше со долгиот и здрав живот, најновите истражувања покажуваат дека не сите медитерански намирници носат еднаква корист.

Научниците открија дека конзумирањето на риба, морски плодови и лесни млечни производи не влијаат на долговечноста, меѓутоа чаша или две вино на ден, како и големи количини на овошје, зеленчук и маслиново масло со минимални количини на црвено месо гарантираат подолг животен век.

Најновото истражување опфати 23 илјади луѓе и откри дека медитеранскиот начин на исхрана го продолжува животниот век за 14 проценти, но дека ова не важи за сите намирници подеднакво.

„Истражувањето покажа дека голем дел од продуктите карактеристични за медитеранскиот начин на исхрана навистина му помагаат на човечкиот организам. Малку вино, не повеќе од една чаша на ден, помалку месо и големи количини на овошје и зеленчук гарантираат подолг живот“, појасни раководителот на ова истражување Димитриос Трикопулос, професор на Харвард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП