26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаучниците предупредуваат: Астероид може да ја погоди Земјата на 2 ноември

Научниците предупредуваат: Астероид може да ја погоди Земјата на 2 ноември

Пандемија, немири, протести, пожари … Сега и астероид доаѓа кон нас, но, за среќа, нема место за паника.

Оваа година секако не беше баш добра. Всушност, повеќето луѓе побрзо би ја заборавиле. Пандемија, немири, протести, пожари … Сега и астероид доаѓа кон нас, но, за среќа, нема место за паника.

Само уште астероид ни фалеше. Некои може да кажат дека е вселенски камен, некој знак од небото, имајќи предвид дека тоа ќе стигне кај нас ден пред претседателските избори во САД.

Објектот 2018VP1 ќе се приближи до Земјата на 2 ноември, наведува НАСА, која го следи веќе две години.

Астероидот ќе помине многу близу, поточно на оддалеченост од 4.994 километри. Исто така, постои многу мала шанса од 0,41 проценти дека ќе ја погоди нашата планета.

Астероидот што се приближува е многу мал – со дијаметар од околу два метра, па дури и ако влезе во Земјината атмосфера, нема шанси тој да стигне до земјата.

На пример, астероидот што ги истреби диносаурусите бил со дијаметар од најмалку десет километри, кој откако пробил низ атмосферата изгубила одредена маса.

НАСА посочува дека според сите досегашни согледувања, нема причина да се грижиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП