25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка за првaта половина од 2020 оствари добивка од над 2 милиони...

УНИБанка за првaта половина од 2020 оствари добивка од над 2 милиони евра

УНИБанка за периодот јануари-јуни 2020 година оствари добивка на износ од 131.772 илјади денари.

Вкупните приходи од работење во првата половина од 2020 година изнесуваат 771,5 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од  7.2%.

Најголемо учество од 73.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2019 година се зголемени за 9.6%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголемило за 2.2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население  и соодветно е остварен годишен пораст од 10.1 проценти на приходите од камати на население.

Остварените расходи во првата половина  од 2020 година изнесуваат 639,7 милиони денари и бележат пораст од 3.6% во однос на истиот период од 2019 година. Зголемувањето на расходите на банката се должи на расходите за провизии и надомести како и поголемиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Финансискиот извештај можете да го видите тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП