26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧистач на организмот и силен афродизијак

Чистач на организмот и силен афродизијак

На јадењата им дава одлична арома, тој е здрав и нискокалоричен.

Иако целерот денес се користи исклучиво како додаток во јадењата, до 17-тиот век тој се користел исклучиво во медицински цели. Целерот се користи цел, од коренот до листовите, а сите негови делови се многу здрави и нискокалорични.

Како целерот делува на здравјето?

Ако имате проблеми со крвниот притисок, оваа билка е одлична помош за негово намалување, а позната е и како чистач на организмот бидејќи е одличен диуретик. Спречете ја надуеноста и проблемите со варењето на храната.

Освен што е богат со влакна, тој е одличен извор на витамините К, Ц и Б, како и калциум и фолна киселина.

Целерот е здрав и вкусен за грицкање – едноставно исецкајте го на парченца и прелијте го со лимонов сок. Од целерот, исто така, можете да направите и пире кое ќе биде одличен додаток на главното јадење.

Инаку, целерот се смета за многу силен афродизијак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП