Не поминува ниту ден а нашите емаил сандачиња да не се полни со спамови од страна на луѓе кои сакаат да ни продаваат лажни твитер кориснички сметки. Се испостави дека постои добра причина за тоа, односно се работи за неверојатно профитабилен бизнис.
Џејмс Клег, кој работи со прилично голем број на лажни следбеници на Twitter, заработил неверојатни 128 илјади долари во последните 10 месеци.
Тој навлегол толку добро во овој бизнис, што поднел оставка од своето работно место како сметководител.
Тој поседува 13 веб-сајтови за продажба на Twitter следбеници. Тој има потреба од повеќе веб-сајтови, бидејќи Google не ги рангира сајтовите за лажни-следбеници. Од таа причина секој сајт треба постојано да ја менува својата „Search engine optimization“ шема за да се појавува во резултатите од пребарувањата.
Бизнисот со лажни следбеници е игра со броеви. Почетната стапка е 11 долари за 1000 Twitter следбеници, а најчеста нарачка е за околу 30 долари. Серверот со висок резултат од пребарувањето може да повлече од 80 до 100 нарачки на ден, вели тој.
Тоа не е целиот профит. Клег вработува програмери во Индија за да произведе “ботови”, кои создаваат лажни Twitter сметки. Од секои 6000 долари приход, околу 2000 долари му се чист профит, вели тој.
Во купувачите се вклучени и познати личности, големите корпорации, но тоа се претежно компании кои не сакаат луѓето да знаат дека имаат само 20 реални Twitter следбеници, вели Клег.
Чисто да знаете, купување или продавање на Twitter сметки е прекршување на правилата на Twitter. Доколку Твитер открие такви лажни сметки, истите ќе бидат избришани.