3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаучниците успеале да откријат зошто лилјаците се отпорни на коронавирус

Научниците успеале да откријат зошто лилјаците се отпорни на коронавирус

Научниците откриле во што е тајната на геномот на шест видови лилјаци, и откриле дека нивниот генетски код влијае на „извонредниот имунитет“ што ги штити овие животни од смртоносните вируси.

Тие се надеваат дека со помош на тие информации ќе можат да објаснат зошто лилјаците се само носители на коронавирусот и не можат да се разболат од тоа, пишува BBC.

Научниците веруваат дека со пронаоѓање на одговорот на ова прашање, тие би можеле да и помогнат на човечката популација во борбата против сегашните и сите идни пандемии.

Професорот Ема Тилинг од Универзитетот во Даблин вели дека научниците со секвенцирање на геномот на лилјаците, дошле до заклучок дека овие животни имаат „единствен имунолошки систем“.

„Ако би успеале да го имитираме имунолошкиот одговор на лилјаците на коронавирусите, можеби ќе можеме да најдеме лек во природата“, изјави професорката за BBC, додавајќи дека тоа „ќе укаже на чекорите што треба да ги преземат научниците за да најдат лек за коронавирусот“.

Професорката Тилинг лансираше научен проект наречен “Bat1K project”, кој има за цел да го декодира геномот на секој од 1.421 познатите видови лилјаци.

„Ако можевме да разбереме како се развива геномот на лилјакот, би можеле да придонесеме и за лекување на болести и превенција од стареење кај луѓето“, рече професорката.

Се верува дека Ковид-19 најпрво се појавил меѓу лилјаците и дека преминал на луѓето преку друго животно, како што се панголините.

Експертите претпоставуваат дека многу други болести, како што се САРС, МЕРС и Ебола, се пренесуваат на луѓето од животни.

Во исто време, еколозите истакнуваат дека, сè додека луѓето ќе дозволат лилјаците да живеат во нивните природни живеалишта, опасноста по здравјето на луѓето ќе биде мала.

За откривање на клучните разлики, научниците користат напредни технологии за да го проучат составот на геномот на лилјаците, а потоа да го споредат нивниот генетски код со оние од 42 видови цицачи.

Лилјаците еволуирале различно во различни делови на светот, а тоа може да биде дел од одговорот на прашањето колку се отпорни на коронавирусите.

Кога научниците ќе можат да разберат кои генетски промени овозможуваат отпорност на коронавирусите кај лилјаците, тие ќе можат да направат нешто слично за човечката популација.

„Овие промени се веројатно клучот за силниот имунитет што лилјаците го покажуваат против коронавирусите“, рече д-р Мајкл Хилер од Институтот Макс Планк за молекуларна биологија и генетика во Дрезден.

Научниците очекуваат дека откритието ќе помогне и во борбата против другите пандемии, затоа што во случај на бројни вирусни инфекции, самиот вирус не е одговорен за смртта, но и акутниот воспалителен одговор со кој имунолошкиот систем реагира на заканата.

Телото на лилјакот успева да го регулира. Дури и ако се заразат, тие не покажуваат видливи знаци на болеста.

Резултатите од оваа студија беа објавени во стручното списание „Природа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП