19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто е квалитетен одмор и колку е тој важен за нашето здравје

Што е квалитетен одмор и колку е тој важен за нашето здравје

Дали некогаш сте се почувствувале толку изморено, што дури и по неколкучасовно спиење вие сеуште не можете нормално да функционирате? Покрај квалитетниот сон, на секој човек му е потребен и квалитетен одмор во кој се опфатени и физичкиот и психичкиот одмор.

Американскиот специјалист за спиење д-р. Матер Едлунд и на оние кои имаат проблем со несоницата им предлага квалитетен одмор. Недостатокот на сон може да доведе до депресија, дебелина па дури и прерана смрт.

Клучот, објаснува Едлунд е во тоа како се одмораме. Преку долгогодишната работа со пациентите открил дека правилниот одмор е важен за обновување на телото подеднакво како и квалитетниот сон.

Важно е да се спомене дека квалитетен одмор не подразбира излежување пред телевизор и тој тоа го нарекува пасивен одмор. Иако и тоа помага во обновата на клетките, мозокот е презафатен па советува активен одмор како идеално решение.

Активниот одмор тврди научникот го редуцира стресот, го подобрува здравјето и го продолжува животот, а го дели на општествен (дружење со пријателите и луѓето кои ги сакаме), ментален (контролирана концентрација), физички и духовен кој ги користи медитацијата и молитвата за релаксација.

Едлунд препорачува дека секојдневно мора да си дозволиме барем 30-минутен квалитетен одмор, без разлика кој од наведените начини ќе го практикуваме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП