29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските печалбари во првите три месеци од годинава испратиле речиси 46 милиони...

Македонските печалбари во првите три месеци од годинава испратиле речиси 46 милиони евра дома

Македонските печалбари од јануари до март годинава испратиле рециси 46 милиони евра дома – покажува статистиката на Народната банка.

Податоците говорат дека дознаките од нашите работници во странство во тој период се уште се држат добро, со оглед на тоа што само дел од месец март зафати пандемијата во светот со вирусот Ковид – 19. Со оглед на тоа што тогаш само што почнуваше светскиот карантин и губењето на милиони работни места во светот, со што беа засегнати и нашите работници во странство, се очекува во вториот квартал значаен пад на парите кои нашите печалбари ги испраќаат дома. Токму периодот од арил до јуни е најкритичен за дознаките од странство зошто голем дел од печалбарите се вратија дома и ги изгубија работните места во земјите каде што работеа.

Експертите очекувааат дека дознаките ќе се намалат, но според нив во кој обем е тешко предвидливо.

„Очекувањата се дека дознаките ќе се намалат, но обемот на намалувањето е тешко предвидлив. Тој зависи од повеќе фактори, од кои два се доминантни: секторите во кои работат испраќачите и обемот на погоденост на тие сектори во земјата во која живеат и го остваруваат тој доход, и погоденоста и нивото на животен стандард на примателите во Македонија. Двата фактора влијаат во спротивен правец и затоа обемот на дознаки тешко може да се предвиди, но сепак и кај овие меѓународни текови се очекува намалување“, изјави за „Денар“, професорот Марјан Петрески.

Намалувањето на парите кои нашите печалбари ги испраќаат дома, според Петрески ќе биде удар врз потрошувачката и врз живеачката на тие домаќинства.

Дознаките се многу важни за македонските домаќинства, особено за најранливите. Претходните проценки говорат дека тие ја намалуваат инциденцата на сиромаштијата за 3-4 процентни поени, исто колку што е ефектот на социјалната помош. Значи, намалувањето на дознаките би значело удар врз потрошувачката и живеачката на овие домаќинства“, изјави професорот Петрески.

Инаку годинава во јануари на сметките на граѓаните кои имале некој близок во странство се слеале 13,5 милиони евра, во февруари, 14,5 милиони евра, за март кога почнуваат да се затвораат границите да има најмногу или 17,6 милиони евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека лани годината ја завшивме со речиси 196 милиони евра пари кои нашите печалбари ги испратиле дома. Најмногу пари на сметките на граѓаните кои имаат некој близок во странство легнале во месец мај или 18,7 милиони евра, а приближно иста сума на пари биле префрлени и во септември.

Гледано пак по години најмногу пари од дијаспората во земјава стигнале во 2015 година – 208,3 милиони евра, а најмалку во последните 15 години во 2005 година – 136,6 милиони евра.

Анализата на бројките по години покажува дека во 2019 имало 196 милиони евра како дознаки на нашите работници од странство, во 2018 година како дознаки од работници во Македонија биле пратени 200,1 милиони евра, во 2017 година биле 193,6, потоа 192,8 во 2016 година, 208,3 во 2015 година, 203,6 во 2014 година, 191,3 во 2013 година, 198 милиони евра во 2012 година, 194,8 во 2011 година, 196,3 во 2010 година, 186,2 во 2009 година. Потоа 180,9 милиони евра во 2008 година, 174,3 во 2007, во 2006 година 157,1 и во 2005 година сумата изнесувала 136,6 милиони евра.

Податоците на Европската статистичка служба Евростат“ пак покажуваат дека од европските земји, за  Македонците „ветенета земја“ е  Германија. Лани во Германија се регистрирани 102.052 македонски државјани. Во Швајцарија имало 66.629 наши државјани. Зад неа е Италија, каде што се регистрирани 63.561 македонски државјани. Во Австрија има 23.372 и во Словенија 12.329 македонски државјани. Најмалку пак македонски државјани во ЕУ имало во Литванија (само четворица), Латвија (12) и Естонија (17 лица).

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП