29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНема лаги, нема измама: Тој ќе знае дали сте ги измиле рацете

Нема лаги, нема измама: Тој ќе знае дали сте ги измиле рацете

Apple Watch наскоро ќе им помогне на своите корисници да проценат дали доволно темелно ги измиле рацете за да спречат ширење на коронавирус.

Како дел од иновациите кои ќе бидат имплементирани во WatchOS 7, на WWDC е претставена и функција што ќе му овозможи на Apple Watch да открие дали лицето кое го носи часовникот редовно ги мие рацете.

Ако сфати дека редовно ги миете рацете, секој пат кога ќе го правите тоа, ќе брои 20 секунди, колку што би требало минималното да трае миењето на рацете. При истекот на овие 20 секунди, уредот ќе вибрира, па знаете дека поминало доволно време.

Овој паметен часовник ќе собере информации за околината, вклучувајќи звуци и тоа дали сте во окружување на водена околина, за да знаете дали да се придржувате до мерките за миење раце. Новиот оперативен систем WatchOS 7 би требало да стане достапен некаде во есен, пренесува Business Insider.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП