19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВнимавајте што ставате во кафето или чајот: Има многу повеќе калории отколку...

Внимавајте што ставате во кафето или чајот: Има многу повеќе калории отколку што мислите

Две третини од љубителите на кафе и една третина од љубителите на чај ги пијат овие пијалоци со калорични додатоци. Поради тоа, секој ден внесуваат и до 69 проценти повеќе калории од оние кои ги пијат без додатоци.

Се покажа дека повеќето кафепијачи додаваат шеќер, млеко или шлаг. Љубителите на чај почесто додаваат шеќер, мед или полномасно млеко.

Иако бројот на калории кои на тој начин се внесуваат во организмот не изгледа голем, постепено и незабележливо може да резултира во зголемување на телесната тежина, предупреди авторот на студијата, Рупенг Ен, асистент во одделот за кинезиологија на Универзитетот во Илиноис.

Во двата случаи, повеќето калории доаѓаат од шеќер, потоа од млечни масти. Советот на научниците и нутриционистите е – внимавајте што додавате во кафето или чајот. Ако тие пијалоци не можете да ги пиете без млеко и шеќер, пијте ги помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП