3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзборите ќе ги спасат - административците пак ќе куртулат од кратење на...

Изборите ќе ги спасат – административците пак ќе куртулат од кратење на платите?!

Владата подготвува трет сет економски мерки за помош на граѓаните и бизнисот за справување со кризата предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид – 19 и ребаланс на буџетот. Но, најверојјатно и овој пат нема да се посегне по кратење на платите на администрацијата. Иако на маса се разгледуваат најмалку 6 опции на кој начин да се скратат платите, дали сите да добијат ппониски плати за 20 проценти или пак само тие со плата над 21.000 или над просечна плата, сепак Демократската Унија за интеграција по втор пат застана во одбрана, и нивниот став е дека тие пак се за тоа да нема кратење на платите во јавниот сектор.

Првиот обид го имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев кој при презентацијата на вториот пакет економски мерки рече дека тие предлагаат сите плати во јавниот сектор да одат на минималец од 14.500 денари со цел да се покаже солидарност кон стопанството. Но, откако ДУИ беше против, сепак Владата пресече да не се чепкаат сите плати, само тие на функционерите и избраните, именувани и назначени лица, што пак се оспори на Уставен суд, кој пресече со времена мерка и за оваа владина Уредба.

Откако Заев кажа дека економскиот тим на СДСМ подготви нов трет пакет на мерки кој е доставен до Владата која треба да пресече дали ќе има кратење на платите во администрацијата, и ДУИ излезе со свој предлог до владата, во кој категорично застана зад ставот дека не треба да се кратат платите во јавниот сектор. Функционери од владеачката СДСМ се се погласни во ставовите дека е неминовно кратење на платите на админстрацијата. Министерката за финансии Нина Ангеловска неколку пати повтори дека нејзиниот став е дека администрацијата мора да се солидаризира со приватниот сектор за сите поддеднакво да го поделат товарот од кризата. Таа образложувајќи го својот став отиде до таму што намалувањето на платите во јавниот сектор го правдаше со ставот дека со тоа што помалку се работи и помалку се троши.

„Единствената правична разумна причина и праведно гледање на работите е следното, не се работи на намалување во услови на обична криза. Се работи за намалување во услови кога, како ја добиваме сите платата, кога продуцираме и одиме на работа. И не плаќаат за сработеното, добиваме надомест, за тоа што сме го придонеле. Во ситуација кога половина месец не се работеше, не се одеше на работа, дел поради рестриктивните мерки, дел поради тоа што ротираше администрацијата со секој еден ден, во услови кога е намалена потрошувачката поради не трошење на услуги, не користите возило. Во услови кога не плаќате кредити бидејќи истите ви се одложени. Еден сосема поинаков контекст кој што не може да се спореди со било која друга криза каде што би рекле ние ќе се стимулира приватна потрошувачка“, изјави деновиве Ангеловска.

Но синдикатот на УПОЗ контра Ангеловска, за нив неприфатливи се изјавите на министерката за кратење на платите во администрацијата.

За Синдикатот, ваквиот предлог е неоснован, неприфатлив и неполезен. Ова, оценуваат од Синдикатот, ќе биде потег без ефект, а кратењето на платите на администрацијата нема да направи значителна заштеда во Буџетот на државата, туку ќе биде одмазда и задоволување на барањата на дел од бизнис заедницата.

„Ваквите неодмерени изјави на министерката за финансии покажуваат основно непознавање за тоа што е јавна администрација, а што јавен сектор и за тоа колкав е износот на платите во администрацијата. Чистата нето плата на вработените во администрацијата во групата Г (референти) која е најбројна во администрацијата е следната: 14.518 денари за помлад референт, 14.888 денари за референт, 15.681 денари за виш референт и 16.474 денари за самостоен референт. Затоа прашуваме, од што, од кого и колку ќе крати министерката“, соопшти УПОЗ.

Од синдикатот сметаат дека со евентуалното кратење на платите,  ќе се намали куповната моќ на вработените и ќе бидат погодени најранливите категории од вработени, особено самохраните родители, родителите на деца со посебни потреби, вработените кои живеат под кирија и оние кои се единствени вработени во семејствата.

И експертите и бизнисот се скептични дека предизборно некој ќе се осмели да скрати плати во јавниот сектор, на толку гломазно гласачко тело кое брои 139.000 вработени.

„Се ближат избори и сите калкулираат со гласачи. Најадобро би било да го направат тоа, бидејќи администрацијата два месеци седи дома. Не може да биде ист некој кој работи и некој кој седи дома. Не мора да одат на минимална плата од 14.500 денари, но може да се скрати 20 до 30 ппроценти на оние што седат дома“, вели Ангел Димитров од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

„Јасно ни е дека сме во избора година и ниту еден премиер нема да се согласи на кратење на плати во администрација. Мојот став останува ист дека треба да се намалат и нивните плати бидејќи тие практично не ни оделе на работа, и јас се уште сум на ставот дека администрацијата треба да оди на минималец од 14.500 денари”, вели универзитетскиот професор Висар Адеми.

И додека за кратење на платите во админнистрацијата нема консензус, консензус меѓу владеачката кооалиција СДСМ- ДУИ има за предлогот одредени категории граѓани со третиот сет економски мерки да добијат директнна финансиска помош. Цифрите се движат до 10.000 или од 9.000 до 15.000 денари, но се преговара кои групи граѓани и на кој начин, дали преку ваучери за поддршка на домашниот туризам, дали за купување на ИТ орема за студенти и слично, но повеќе опции се на маса. Од Владата само велат дека третиот сет економски мерки ќе биде објавен набрзо.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП