19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко навистина морате нешто да грицнете пред спиење, тоа нека биде оваа...

Ако навистина морате нешто да грицнете пред спиење, тоа нека биде оваа намирница

Добриот сон е клучен за одржување на телесната тежина, менталното и физичкото здравје. Луѓето кои недоволно спијат имаат зголемен ризик од дебелина, срцеви заболувања и дијабетес.

Меѓутоа, многу луѓе навечер добиваат желба за грицкање, а тогаш е клучно паметно да бирате за да не се разбудите. Експертите тврдат дека во овој случај најпаметно е да посегнете по кришка леб од цели зрна.

“British Express” вели дека станува збор за храна која содржи јаглени хидрати кои ќе го стимулираат лачењето на серотонин, хормон кој е важен за здравиот сон. Исто така, на телото нема да му треба долго време да ја свари таа храна, поради што нема долго да ве држи будни.

„Важно е да избегнувате протеини. Бифтек или пилешко месо може да го нарушат сонот затоа што подолго време се варат. Кога спиете, варењето се забавува за 50 проценти. На списокот од тоа што не треба да јадете пред спиење е сирењето и саламите“, наведува универзитетот Џон Хопкинс.

Имајте на ум дека и начинот на кој спиете, исто така, влијае на квалитетот на одмор, па затоа е важно да се избере вистинското држење на телото. Избегнувајте спиење на стомак бидејќи може да предизвика болка во грбот и вратот. Повеќето луѓе ја избираат положбата на фетус, но најпаметно е да заспиете на грб.

Ако ве мачи несоница, проветрувајте ја просторијата. Уште некои други начини за опуштање се читање книги или топла бања.

Спалната соба треба да биде темна, тивка, уредна, а температурата во неа да биде помеѓу 18 и 24 ° C.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП