2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦЕА: Северна Македонија го подобри своето меѓународно рангирање во буџетска транспарентност

ЦЕА: Северна Македонија го подобри своето меѓународно рангирање во буџетска транспарентност

Во услови на глобална пандемија кога владите во светот се принудени на усвојување на мерки за справување со истата, International Budget Partnership’s (Меѓународното партнерство за буџети-МПБ) илустрира дека четири од пет од 117-те влади кои се предмет на истражувањето не успеале да го постигнат минималниот праг за адекватна буџетска транспарентност и надзор согласно меѓународните стандарди.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА направи прогрес во објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното МПБ истражување.

„Додека пандемијата јасно бара брзи и одлучни мерки, буџетската транспарентност, учеството на граѓаните и надзорот исто така се важни,“ кажа Ворен Крафчук, извршниот директор на МПБ. „Како што владите реагираа со здравствените мерки буџетите мора да останат отворени и транспарентни, а функционерите мора да дозволат вклученост на јавноста во планирањето и во имплементацијата“.

Како што истражувањето на МПБ и на другите органиазции покажа, отворените буџети може да помогнат во подобрување на социо-економскиот аспект. Отворените буџети може да ја вратат довербата во властите и да ја зајакнат врската помеѓу институциите и граѓаните кои тие ги служат.

Северна Македонија продолжи со подобрување на фискалната транспарентност од 2017 година после катастрофалната ерозија на транспарентност измерена во 2012 година. Северна Македонија дава доволни информации за фискалните политики во предлогбуџетите, ги исцртува владините економски предвидувања, ги предвидува приходите, расходите и задолжувањето. Исто така, го објави и Граѓанскиот буџет и фискалната стратегија навремено за првпат после 2010 година кога започнавме да ја мериме фискалната транспарентност со МПБ методологијата. Оваа 2019 година е исто така уникатна и поради фактот што за првпат во циклусот на МПБ методологијата на мерење на фискална транспарентност за Северна Македонија е направена ревизија и од страна не само на независен експерт туку и од страна на претставник на Министерството за финансии.

Додека последниот МПБ прашалник беше завршен пред да биде прогласена пандемијата сепак тој покажува пресек за теквните практики во Северна Македонија повразни со објавувањето на буџетски информации, можностите за учество на јавноста во буџетскиот процес и можностите за ефективна проверка и контрола (effective checks and balances).

Оттука, за оние власти низ светот кои не ги задоволуваат минималните меѓународни стандарди Северна Македонија служи за пример за тоа како добри резултати може да се добијат од повисока фискална транспарентност.

Мерење за отворен буџет

Буџетска транспарентност е оценета во прашалникот на МПБ преку достапноста и содржината на осумте клучни буџетски документи кои се очекува сите влади да ги
објавуваат по меѓународни стандарди. Особено, прашалникот оценува дали тие документи се достапни онлајн, навремено и дали информациите се целосни.

  • Глобалната просечна транспарентност е измерена на 45 од можни 100 што е помалку од потребното 61 која мерка се смета за праг за информирана јавна дебата.
  • Северна Македонија е измерена на 45 од можни 100 и со тоа се мери јавната достапност до информации за тоа како централната власт ги генерира и ги троши јавните ресурси. Оваа мерка исто така ја оценува и онлајн достапноста, навременоста и целосноста на информациите во осумте клучни буџетски документи со користење на 109 еднакво пондерирани индикатори и со мерење на секоја земја на скала од 0-100.
  • Транспарентност со резултат измерен 61 и повеќе е индикација за земја која објавува доволно материјал за подршка на информирана јавна дебата за буџетите.

Учеството на јавноста е оценето врз основа на формализирање на можноста на граѓанските организации и вооопшто граѓаните да се вклучат во буџетскиот процес и да дадат свој придонес низ буџетскиот процес.

  • Глобалната просечна можност за учество на јавноста во буџетскиот процес е многу ниска и е измерена на 14 од можни 100
  • Северна Македонија за жал има резултат-0 т.е. не овозможува учество на јавноста во буџетскиот процес
  •  Транспарентноста сама за себе не е доволна за добро владеење. Вклучување на јавноста е важно за позитивни резултати кои доаѓаат со повисока буџетска трансапрентност. МПБ преку својот прашалник ги оценува формалните можности за јавноста да може да се вклучи во сите фази од буџетскиот процес. Исто така, ја оценува (од 0 до 100) и праксата на централната власт, собранието и врховната ревизорска институција за можноста за учество на јавноста и тоа преку 18 еднакво пондерирани индикатори кои се на линија со принципите за учество на јавноста во фискалните политики на Глобалната иницијатива за фискална транспарентност (Global Initiative for Fiscal Transparency).

Надзорот се мери врз основа на улогата што ја имаат Собранието и врховната ревизорска институција во буџетскиот процес.

  • Резултат од 61-100 е соодветен надзор.
  • Северна Македонија има резултат 47 од 100 за надзорот кај законодавецот.
  • Северна Македонија има резултат 67 од 100 за надзорот при ревизијата.

Владата и граѓанскиот сентор во Северна Македонија треба да продолжат со соработка и напори за подобрување на фискалната транспарентност и да го отворат просторот за учество на јавноста бидејќи:

  • Фискалната транспарентност помага во постигнување на финансиска и економска стабилност, овозможува да се води информирана дебата за дизајнот и за резултатите од фискалните политики, овозможува отчетност од јавниот сектор.
  • Со ова, фискалната транспарентност помага да се зајакне и кредибилитетот на фискалните планови, ги зајакнува финансиските пазари и довербата на граѓаните.
  • Со соодветна оценка на ризиците и на фискалната позиција се подржува и навремена политика на фискална реакција при променети економски услови со што се
    редуцираат појавите и ефектите од кризите. МПБ за првпат го спроведе истражувањето во 2006 година со цел да се овозможи на граѓаните, а особено на оние најдепривираните да имаат можност да разберат и да влијаат како јавните пари-нивни пари- се генерираат и се трошат. Генерално, на секои две години
    податоци се собираат од независни буџетски експерти од граѓанскиот сектор кој не е врзан за властите. Нивните наоди се оценети од независен експерт како и претставници од властите на кои исто така им е дадена можност да ги оценат и да ги коментираат наодите на независните експерти.

Извор: Центарот за економски анализи(CEA)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП