19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку сме далеку од ефективен лек за Ковид - 19? Моментално во...

Колку сме далеку од ефективен лек за Ковид – 19? Моментално во светот се тестираат 150 лекови

Од „Ковид-19“ досега починале повеќе од 183.000 луѓе, и сè уште нема ефикасен лек, пренесува Би-Би-Си.

Светската здравствена организација (СЗО) ја започна таканаречената “Solidarity Trial” за пронаоѓање на најефикасниот лек. Велика Британија објави дека дури 5.000 пациенти биле подложени на третман за опоравување во склоп на “Solidarity Trial”. Многу студии, исто така, се фокусираат на испитување на ефектот на крвната плазма од опоравените пациенти.

Кои видови лекови би можело да бидат корисни?

Истражувањата генерално одат во три насоки:

– Антивирусни лекови кои спречуваат новиот коронавирус да се шири во телото

– Лекови кои го смируваат имунолошкиот систем – пациентите стануваат сериозно болни кога нивниот имунолошки систем претерано реагира и предизвикува штета на организмот

– Антитела од крвта на оние кои се опоравиле од вирусот или кои се создадени во лабораторија, кои можат да го нападнат вирусот и да помогнат во закрепнувањето

Кој лек против коронавирусот најмногу ветува?

Д-р Брус Ајвард од СЗО вели дека “ремдесивир” е единствениот лек што покажува одредена ефикасност. Овој лек бил дизајниран за лекување на ебола, но на крајот се покажал ефикасен и за други вируси.

Оттогаш, овој лек успешно се користи за лекување на некои други опасни коронавируси како “МЕРС”, што буди надеж дека би можел да биде корисен и против коронавирусот кој го предизвика Ковид-19.

Резултатите од Универзитетот во Чикаго, исто така сугерираат дека лекот може да биде ефикасен.

Тој е еден од четирите лекови за кои СЗО и производителот на лекот, Гилеад, го организираа испитувањето.

Може ли лекот за ХИВ да лечи коронавирус?

За ова многу се говорело, но има малку докази дека двата лека кои се користат за лекување на ХИВ – “лопинавир” и “ритонавир”, можат да лекуваат коронавирус. Постојат некои докази дека овие лекови се ефикасни во лабораториски услови, но експериментите врз луѓето биле прилично разочарувачки.

Комбинацијата на лековите не го забрзала закрепнувањето, ја намалила смртноста или ја намалила количината на вирусот кај пациентите со тешки симптоми на Ковид-19.

Меѓутоа, со оглед на тоа што лекот бил тестиран само кај многу сериозно болни пациенти, се чини дека во нивниот случај било доцна за лекот да успее да направи некоја промена.

Може ли да помогнат лековите против маларија?

Лековите против маларија, исто така се тестираат во склоп на “Solidarity Trial”.

“Хлорокинот” и неговиот дериват “хидроксихлорокин” можеби имаат антивирусно дејство и го смируваат имунолошкиот систем.

Лекот стана познат, пред се, откако го спомна Доналд Трамп, но сè уште има малку докази за неговата ефикасност.

“Хидроксихлорокин”, исто така се користи за лекување на ревматоиден артритис, токму затоа што го контролира имунолошкиот систем.

Лабораториските тестови покажале дека може да го блокира коронавирусот, а некои анегдотски приказни укажуваат на тоа дека им помага на пациентите.

Сепак, СЗО вели дека сè уште нема дефинитивни докази за неговата ефикасност.

А што е со лековите за имунитет?

Ако имунолошкиот систем премногу реагира на вирусот, може да се јават воспалителни процеси низ целото тело. Тоа е добро затоа што го стимулира организмот да се брани од вирусот, но лошо е ако имунолошкиот систем претера со реакции што може да предизвика оштетување на организмот или дури и смрт.

Во склоп на “Solidarity Trial” се испитува и лекот “интерферон бета”, кој се користи за лекување на мултиплекс склероза и намалување на воспалението. Интерфероните се група на хемикалии кои го опуштаат телото кога е нападнато од вирус.

Во Велика Британија, како дел од “Solidarity Trial”, се тестира и “дексаметазон”, еден вид стероид што се користи за намалување на воспалението.

Може ли обновената крв да се користи за лечење на Ковид-19?

Луѓето кои преживеале инфекција од коронавирус би требало да имаат антитела во крвта кои можат да го нападнат вирусот.

Идејата е да се земе крвна плазма (дел од крв што содржи антитела) и да се даде на пациентите како терапија.

Во Соединетите држави, веќе 500 пациенти се лекуваат со крвна плазма, а вклучено е и во други земји.

Колку време ќе помине пред да најдеме лек?

Сè уште е рано да се знае кога ќе пристигне лек за новиот коронавирус. Сепак, за неколку месеци треба да почнеме да добиваме резултати од експериментите кои се во тек. Ова е долго пред да биде достапна ефикасна и безбедна вакцина. (Напоменуваме дека вакцината спречува инфекција, но не ја лекува).

Споменатите лекови ќе бидат достапни пред вакцината, бидејќи тие веќе постојат и лекарите знаат дека се безбедни за употреба. Што се однесува до вакцините, тие допрва треба да се произведат.

Некои лаборатории, исто така тестираат некои нови коронавирусни лекови, но сè уште не е познато кога ќе започне човечко тестирање.

Зошто воопшто е потребно лечење?

Најочигледен одговор на ова прашање е да се спасат човечки животи. Но, постои и причина дека некои заштитни мерки би можеле да бидат укинати доколку постои ефикасен лек.

Постоењето на ефикасна терапија, во крајна линија

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП