26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФернандеш ги именуваше своите осум идоли од Јунајтед

Фернандеш ги именуваше своите осум идоли од Јунајтед

Новата sвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека како дете се восхитувал на голем број играчи од претходните генерации на Манчестер Јунајтед.

Португалецот ја започна својата кариера на „Олд Трафорд“ соодветно, запишувајќи серија силни натпревари по неговиот трансфер од Спортинг Лисабон во зима. Тој дури стана играч на месецот во Премиер лигата за февруари. Самиот Фернандеш ги сподели и играчите кои го инспирираа да го облече дресот на „црвените ѓаволи“.

– Како што реков многу пати, играњето за Манчестер Јунајтед е сон за мене како дете. Тоа е еден од најголемите клубови во светот. Само треба да ги видите имињата на играчите кои се натпреваруваа тука порано. Не станува збор само за Кристијано, туку и за играчи како Сколс, Руни, Гигс, Кин, Кантона, ван Нистелрој и мојот сонародник Нани. Сите тие го претставуваа Јунајтед. За мене ова е трансфер од соништата, сподели Фернандеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП