Поради тоа што сè повеќе луѓе работат од дома, императив е производите на Microsoft да бидат што е можно посигурни. Затоа, гигантот од Редмонд одлучи да им овозможи на корисниците да можат да ги одложат ажурирањата на оперативниот систем.
Барем кога станува збор за она унапредување кое не влијае на работата на системот кај корисниците, но им овозможува поголема контрола над она, што и кога ќе биде унапредено на нивниот уред. Microsoft најави дека ваквата одлука ќе стапи на сила од мај.
Starting in May 2020, we are pausing all optional non-security releases (C and D updates) for all supported versions of Windows client and server products to prioritize security and keep customers protected and productive. More information here: https://t.co/G5NcWtIiEQ.
— Windows Update (@WindowsUpdate) March 24, 2020
Од Microsoft наведуваат дека во моментов им е приоритет безбедноста на уредите, и во врска со тоа се фокусираат на безбедносните ажурирања. Во секој случај, добро е да имате избор и за секој случај, не ја прифаќајте секоја промена на системот за време на пандемијата, кога ако нешто ви се расипе потешко ќе најдете некој да ви помогне.