12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: 45 проценти од граѓаните кои доаѓаат од земји кои не се...

Евростат: 45 проценти од граѓаните кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија

Дека и во „ветените европски земји“ за бегство на македонските граѓани во потрага по егзистенција, не „цветаат рози“ за нив, покажуваат податоците на Европското статистичко биро – „Евростат“. И во најјаките европски економии, за  речиси половината или 45 проценти од граѓаните кои доаѓаат кај нив од земји кои не се членки на Унијата, постои ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Тие се изложени на поголем ризик од сиромаштија од другите странски државјани кои пак доаѓаат од земји членки на ЕУ.

„Во 2018 година во цела ЕУ, 45% од граѓаните што не се членки на ЕУ се проценува дека се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост споредено со 29% од странските граѓани на ЕУ и 21% за државјаните”, соопшти „Евростат“.

Што значи да се биде изложен на ризик од сиромаштија или социјална исклученост ?!

Тоа значи да се биде лишен во најмалку еден од следниве три критериуми:

да се изложени на ризик од сиромаштија по социјални трансфери, тоа е таканаречена сиромаштија со приходи- заработуваат, но не доволно за основните егзистенцијални потреби

– вториот услов е да се силно материјално лишени

-третиот е да живеат во домаќинства со многу низок работен интензитет

Меѓу земјите членки на ЕУ, стапката на ризик од сиромаштија или социјална исклученост регистрирана за граѓани кои не се членки на ЕУ е највисока во Грција (58%), а потоа следат Шведска и Шпанија (56%), Белгија (51%), Хрватска и Франција (50%). За странските граѓани на ЕУ пак стапката е највисока во Грција (47%), Шпанија (45%) и Италија (40%).

Највисок степен на ризик од сиромаштија или социјална исклученост кај државјаните пак е забележан во Грција (33%), а потоа следат Романија (30%), Бугарија (28%) и Италија (27%).

Во 2018 година, Чешка забележа најнизок ризик од сиромаштија или стапка на социјална исклученост за државјани (11%) и за странски државјани на ЕУ (4%), додека Полска имаше најниска стапка за граѓаните кои не се членки на ЕУ (18%).

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП