16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајновите студии покажаа дека еден вид млеко го забавува, а друг го...

Најновите студии покажаа дека еден вид млеко го забавува, а друг го забрзува стареењето

Да, сите знаеме дека млекото и млечните производи се најдобар извор на калциум и генерално се исклучително важни за исхраната на човекот, но секој медал има две страни.

Излегува дека кравјото млеко, кое е побогато со маснотии (два проценти), е значително поштетно за човечкото тело отколку во случајот со млеко од еден процент.

Студиите спроведени на универзитетот Brigham Young под водство на професорот Лери Такер, a во кои учествувале околу 5.800 американски граѓани, укажуваат на загрижувачки податоци.

Поточно, резултатите од студиите кои се спроведени со текот на годините откриле дека конзумирањето млеко има значително влијание врз нашето тело.

Од појава на акни, преку процес на стареење, па сè до појава на карцином.

Полномасното млеко го забрзува стареењето и може да влијае на појавата на карцином во организмот, се резултатите од студиите кое ова истражување ги спроведело.

Сепак, Такер предупредува дека тоа не значи дека би требало да престанете со консумирање на млеко, туку наместо тоа да се одлучите за она со помал процент на маснотии.

„Неверојатно е колку е значајна разликата во организмот доколку се користи млеко со помалку маснотии и тоа со повеќе маснотии“, објасни Такер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП