27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо земјава регистрирани 995 дивоградби

Во земјава регистрирани 995 дивоградби

Рокот за  легализација на дивоградбите неколку пати се продолжуваше, но бројките на новоизградени нелегални објекти се повеќе растеа.

Така последните податоци на Државниот завод за статистика, за 2018 покажуваат дека биле регистрирани дури 955 бесправно изградени објекти. Од кои бесправно биле изградени 249 објекти за домување или 26%, 133 доградби, надградби и адаптации или 13,9%. Имало нелегално изградени 113 деловни објекти што се 11,9% од вкуниот број, 78 гаражи или 8,2%, 134 огради или 14%, 6 скалила или 0,6%, 15 тераси 1,6%, 28 летни тераси 2,9%, 95 настрешници 9,9%, 13 времени објекти 1,4% и 91 помошен објект или 9,5%.

Рекордер по дивоградби е Скопје со 226 бесправно изградени објекти, од кои најмногу 71 ги има во Центар, па Бутел со 45 од кои дури 27 се објекти за домување, потоа Гази Баба со 35, Ѓорче Петров со 19, Кисела Вода со 18.

Од другите градови низ земјава во 2018 година биле регистрирани 78 дивоградби во Куманово, 70 во Штип, дури 68 во Липково од кои дури 63 биле објекти за домување, 56 во Струмица, 50 во Охрид, 30 во Струга.

Најголем број бесправно изградени објекти 98,1% се во приватна сопственост. А податоците на Државниот завод за статистика ги прибира од општините, односно од статистиката која им ја испраќа секторот за урбанизам на општините низ земјава.

Ако се земе пак само периодот до 2011 година, до кога требаше да бидат изградени објектите кои имаа можност за легализација со претхопдното законско решение, излегува дека од тогаш до сега во земјава годишно се регистрирани во просек по околу 1.000 дивоградби.

Така во 2017 година биле регистрирани 762 бесправно изградени објекти, во 2016  дури 1.037, во 2015 година 1.061, за како одат годините надолу да расте бројот на дивоградби. Во 2014 година под дивоградби биле регистрирани 1.075 објекти, во 2013 година 1.275, во 2012 година 1.403 и во 2011 година дури 1.412 објекти се градени без дозвола за градба.

Ова сепак е бројот на регистрирани дивогадби, а колку вкупно ги има во земјава засега точно никој не знае. Надлежните калкулираат со 100.000 објекти кои треба да го чекаат новиот закон за легализација кој пак заглави во Собрание, и тешко дека ќе биде донесен до изборите.Тој ги опфаќа дивоградите изградени до октомври 2019 година. Но со него можност за легализација ќе немаат згради, доградби на згради и тераси.

 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП