26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците годишно трошат четири трилиони евра преку платежни картички

Европејците годишно трошат четири трилиони евра преку платежни картички

Расходите на европските платежни картички се зголемиле за една третина од 2014 година, и достигнале 3,9 трилиони евра, бидејќи картичките сè повеќе се користат за секојдневна трговија.

Најновото истражување на RBR, Payment Cards Issuing and Acquiring Europe 2020, покажува дека во 2018 година сопствениците на картички во Велика Британија, Франција и Германија најмногу трошеле, со вкупно зголемување од 26 проценти, 19 проценти и 22 проценти, од 2014 година. Четвртиот најголем пазар, Русија, имала удвоен раст на потрошувачката во истиот период.

Извештајот на RBR покажал дека растот на потрошувачката е нераскинливо поврзан со зголемувањето на употребата на картички. Грција особено се издвојува, бидејќи употребата на картички се зголемила седум пати, откако стана државна обврска за трговците. Не е изненадувачки дека земјата забележала и најбрз раст на потрошувачката, која речиси четири пати се зголемила во текот на четиригодишниот период.

Пазарите во источноевропскиот регион забележале најбрз раст во однос на трошоците, особено Украина, Романија и Унгарија, каде потрошувачката е двојно зголемена.

Неодамнешните скокови на потрошувачката со картички во Европа во голема мерка може да се припишат на растечкото прифаќање на безконтактните плаќања, како и на зголемените набавки преку интернет.

Извештајот на RBR покажал дека за Европа како целина, бројот на трансакции се зголемил за скоро три пати побрзо од растот на трошоците, разултирајќи со тоа просечната вредност на секоја трансакција и понатаму да паѓа – од 46 евра во 2014 година на само 34 евра во 2018 година.

Причината е дека картичките сè повеќе се користат за секојдневни набавки со ниска вредност, бидејќи клиентите брзо прифаќаат безконтактно и мобилно плаќање. Како резултат, растот на вкупниот број на картични плаќања на европејците се забрзува од година во година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП